Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Џиџо Донарума синоќа имаше лоша вечер и покрај тоа што неговата мрежа остана недопрена и го забележа 11-от натпревар без примен гол оваа сезона. Расположението му го расипаа оние кои обично му “чуваат грб” на јужната трибина – Курва Суд. Уште пред почетокот на натпреварот, во текот на загревањето, навивачите поставија банер со навредлива содржина за младиот голман. Пораката гласеше: “Violenza morale, 6 milioni all’anno e l’ingaggio di un fratello parassita? Ora vattene, la pazienza e finite!” или во превод “Морално насилство, 6 милиони евра годишно и потпис за братот паразит? Сега оди си, нашето трпение истече!”

Сето ова доаѓа по новото разгорување на страстите на релација Раиола – Милан. Симптоматичен е периодот во кој агентот на Џиџо, Мино Раиола ја отвори дискусијата за односите на неговиот клиент со клубот. Да бидеме попрецизни, симптоматично би било кога ова би се случило првпат и само со Милан. Но кога се работи за Раиола, познавајќи го неговото минато и принципи на работа, очигледна станува намерата да се внеси немир во тимот непосредно пред почетокот на јануарското меркато, со единствена цел, а тоа е можност да издејствува трансфер на Донарума од Милан.

Веројатно бесот на навивачите би бил целосно насочен кон Мино, доколку Џиџо се одважеше да проговори за новонастанатата ситуација. Но него го нема. Го немаше и во текот на летото. Токму тоа е главната причина за банерот со строга и директна порака кон Донарума. За многумина и претерана реакција, иако мислењата за ситуацијата со голманот некако ги подели навивачите на Милан. Целта на Раиола е постигната!

Веднаш после синоќешниот натпревар, за ситуацијата се огласија Мирабели и Гатузо.

Мирабели: “Нема потреба да продаваме никого од тимот. Ако некој од играчите побара да биде продаден, треба тоа да ни го каже, но тоа треба да биде во линија со стратегијата на клубот. Џиџо е одличен дечко и никогаш не побарал од нас да замине од Милан. Знаете дека тој има важечки договор до 2021 година. Ние секогаш ќе ги браниме интересите на клубот.”

Гатузо: “Го запознав Џиџо во послените неколку месеци. Момчето никогаш не прескокнало тренинг од кога сум јас во клубот. Освен неговите играчки квалитети, тој е и одлична личност. Секогаш ќе ја има мојата поддршка, исто како што моментално ја има поддршката на соиграчите. Тој не е таков како што некои луѓе го прикажуваат, туку навистина скромен.”