Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По мечот со Каљари каде 3-те бода ги однесовме дома во Милано ни следува еден далеку потежок меч со екипата на Лацио која сезонава игра прекрасно и на табелата заслужено котира високо меѓу првите 3 екипи во Калчо Лигата.

На Сан Сиро ни доаѓа Лацио кој во првиот дел од сезоната ни нанесе премногу тежок пораз и наша единствена цел и задача на утрешниот меч ќе мора да биде во најмала рака да им вратиме со иста мера.
Многумина би рекле дека претерувам но кога тимот конечно фаќа ритам, почнува да игра баш онака како што треба мислам дека треба да се искористи моментумот и нормално играчите да си го покажат квалитетот за конечно да извојуваме победа во некоја дерби средба или конечно да победиме тим кој што е пред нас на табелата.

На денешниот прес по повод натпреварот со Лацио нашиот тренер Гатузо беше доста самоуверен, зборуваше за тоа дека целиот менаџмент е зад играчите и дека нивна задача е конечно да се покажат во вистинско светло.
Зборуваше за тоа дека тимот одлично тренира и дека очајно мораме да ја подобриме реализацијата ако сакаме да имаме подобри резултати.

Утре се очекува Гатузо да настапи со овој тим и без премногу промени од тоа што според него е добитна комбинација во последно време но според медиумите можно е Кутроне да стартува на местото на Калиниќ, а додека на левата бековска позиција по којзнае колку време ќе започне заборавениот Антонели поради суспензијата на Рикардо Родригез.

Најголеми очекувања секако како навивачи имаме од Џек и Сусо каде вториот ќе мора значително да го крене нивото на игра доколку сакаме позитивни резултати против екипа како Лацио.

За крај веќе нема да ги има оние клишеа “победа за спас на сезоната” затоа што сезоната во Италија веќе не може да се спаси но да се надеваме на огромни подобрувања во играта и нека Серија А служи ко подготовка за атак на Лига Европа, единственото натпреварување преку кое можеме до елитната Лига на Шампиони.