Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во пресерет на утрешната утакмица против Лацио, тренерот Џенаро Гатузо одржа прес-конференција, одговарајќи на прашањата на новинарите. Росонерите во новата година имаат 2 победи од два меча, а следува и првото дерби. Гатузо говореше за самиот натпревар, дел од играчите, густиот распоред, како и за останатите актуелни прашања за кои беше запрашан:

Овој напревар е еднакво важен како и сите останати, три бода се во прашање. Мораме да изиграме навистина добро ако сакаме да победиме. Играме на Сан Сиро и мораме да ја искористиме таа предност. Милам дека ќе бидеме одлични утре.

Играчите на Лацио се технички одлични и се добро физички подготвени, имаат огромен квалитет. Ние мораме исто така да бидеме добро подготвени и од технички и на физички аспек. Лацио секогаш игра на начин што доведува 4-5 играчи во просторот од 16 метри, ние мораме да ги спречиме да ја протнат топката таму. Треба да одиграме тактички совршено за да ја осигураме победата. Отсуството на Имобиле? Имаат играчи како Нани и Андерсон. Тие се сигурни во себе и понекогаш изгледа како и воопшто да не се грижат, сето ова изгледа премногу лесно за нив.

Го познавам Симоне Инзаги доста добро, секогаш сме имале одличен однос. Во моментов, тој е подобар тренер од мене, има повеќе искуство и може многу да се научи од него како играше Лацио изминатите сезони.Во досегашниот тек на сезоната, Милан нема победа против екипите кои се на првите 6 места на табелата во Серија А, но мојата цел е да бидеме подготвени за овој натпревар на најдобар можен начин.Сите сме свесни за ова и само натпреварот ќе каже што ќе се случи утре.

Има недели кога морате да работите и недели кога ви е потребен одмор. Милам дека минатата недела работевме добро. Имаме навистина многу утакмици во периодот кој предстои и ќе биде поитребна и ротација на римот.Со Каљари пројдовме добро, но имавме среќа да не примиме израмнувачки гол. Калинниќ беше одличен и би бил пресреќен ако секогаш игра на тоа нив.. Знам дека можеме да постигнеме многу повеќе голови, но тој факт не ме оптеретува и загрижува, треба да покажеме дека сме тим.

Ромањоли е играч кој е роден во 1995 година, а веќе има 200 настапи во Серија А, има одлична техника и физички е добро подготвен. Многу сум задоволен како се развива, секако, има простор да стане уште подобар. Што се однесува до тоа кој ќе го замени Рикардо Родригез, или Антонели или Абате. Преферирам да не откривам на прес-конференција кој со сигурност ќе игра, не сакам да им дадам предност на нашите противници.

Конти беше надвор од терените 4 месеци. Сега тој има индивидуални тренинзи како трчање и работа со топка. Милам дека за еден месец ќе се врати да тренира со целиот тим. Станува збор за тешка повреда, па затоа не смееме да брзаме. Кај ваквите повреди, психолошкиот аспект е секогаш многу важен

Тимот цело време работи, има голем професионализам, постои страст. На мене, играчите и сите инволвирани е да го вратиме Милан каде што беше многу години, на врвот на италијанскиот и европскиот фудбал!

 

FORZA MILAN!