Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Џакомо Џек Бонавентура, зборуваше за Кориере дело Спорт и одговараше на прашањата на acmilan.com. Зборуваше на повеќе теми, од поставувањето на Џенаро Гатузо како тренер, па се до неговите голови и неговите настапи оваа сезона. Во понатамошниот текст, ви го претставуваме прво интервјуто со acmilan.com:

Што значеше за тебе победата против Каљари и начинот на кој успеавте да ја свртите утакмицата во ваша полза после негативата, за прв пат оваа сезона во Серија А?

Донесовме дома три многу важни поени од Каљари и сме навистина среќни поради тоа. Натпреварот не беше воопшто лесен, силниот ветер ни создаваше многу проблеми. Покажавме навистина добра игра, игравме тимски, но сега мораме да ја оставиме оваа победа зад нас, не чекаат многу тешки утакмици во периодот кој предстои.

Како е променет начинот на кој што играш од кога беше поставен Рино Гатузо како тренер на Милан?

Со Гатузо ја променивме формацијата од 3-5-2 на 4-3-3. Играм како лево напаѓачко крило, иако тренерот сака да играм нешто малку поразлично од тоа што Винченцо Монтела го бараше од мене. Среќен сум дека на тимот му оди добро во последно време и јас им помагам на моите соиграчи. Мораме да продолжиме со добрата работа.

Гатузо одлучи да не се вклучува премногу на трансфер пазарот за овој преоден рок, покажувајќи дека стварно верува во овие играчи. Што мислиш за ова?

Ние сме среќни поради оваа негова одлука. Не ни требаат нови играчи, бидејќи имаме одлични играчи кои само што почнаа да се прилагодуваат на италијанскиот фудбал и на нашиот стил на игра. Од овде натаму може само да напредуваат.

Се уште сме во игра во Тим Куп и во Лига Европа. Што мислиш, колку далеку можете да стигнете?

Не е лесно во овие натпреварувања бидејќи има еднакво добри екипи како и нас. Треба да изиграме најдобро што можеме и да извадиме некои адути од ракавот.

Што мислиш за Хакан Чалханоглу, како се прилагодува во екипата?

Хакан има премногу специфични квалитети. Среќен сум што се адаптира добро, бидејќи играчи од негов калибар, не ретко можат да бидат одлучувачки. Мислам дека тој ќе биде од голема помош за целиот тим во преостанатиот дел од сезоната.

Имаме две средби со Лацио за кусо време. Кој е клучот за да се избегне лошата игра што не чинеше 3 бода во првиот меч на Олимпико?

Игравме лошо тогаш, имавме погрешен пристап кон утакмицата и мислам дека тоа повторно нема да ни се случи. Го сменивме пристапот, играме тимски и мислам дека можеме да го победиме Лацио.

 

За Кориере дело Спорт, Џек говореше за Џенаро Гатузо како тренер на Милан:

Некои може го сакаат Гвартиола или не знам кој друг тренер за кој сметаат дека е врвна гласа, но Гатузо нема што да му завидува на никому поради начинот на кој што работи. Повторна промена на тренерот и нови технички насоки би биле многу тешки за нас во овој момент. Тој добро не познава и заслужува уште неколку супер ѕвезди во тимот.

Тој ни донесе поинаков пристап, каде што интензитетот на работа е огромен, имаме многу малку паузи, а и самото ниво на тренинзите е зголемено. Покрај тоа, нашиот тренер има одличен карактер и голема страст. Чесен е и успеа да ни ја даде потребната желба да се подобриме, единството во тимот, важно за да ја оствариме целта.

Гатузо е многу добар мотиватор, посебно на оние играчи кои не играат често. Тој никого не остава сам и секогаш е тука да им помогне на сите да се подобрат. Неговата најважна интуиција беше да се вратиме со 4 одбрамени играчи, сега имаме конечна формација и одиме само напред. Веќе нема никакви забуни, ситуацијата ни е јасна на сите. Кога менувате формации и тренери, тоа не е добро за играчите.

Бонавентура на крајот зборуваше и за Монтела, кој беше отпуштен кон крајот на ноември минатата година:

Кога важни играчи си одат, вашата позиција страда. Тоа се случи со Монтела на почетокот на сезоната. Јас морав да работам напорно и поинаку да влезам во форма откако бев повреден повеќе пати во претходната сезона. Наместо тоа, по само неколку недели, Лигата на Европа започна и јас играв  речиси цело време. Тоа значеше дека не можев 100% да бидам спремен за во Серија А.

Forza Milan!