Со Рикардо Кака на трибините, Милан успеа да ја победи Австрија Виена со резултат од 5-1 и со тоа го обезбеди првото место во групата Д, на еден натпревар до крај на групната фаза. По натпреварот, Монтела даде кратко видување за самиот натпревар и сѐ околу него. Во продолжение, ви пренесуваме дел од неговата изјава.
Ова беше исклучително важба победа, бидејќи успеавме да ја оствариме нашата прва мини-цел: пласман во елиминационата фаза како први во групата. Ова ни дава можност да се фокусираме на лигата иако нема да го потцениме последниот натпревар од групната фаза на Лига европа. Среќен сум со перформансите на тимот, најмногу поради фактот што по примениот гол, не се изгубивме и продолживме да напаѓаме. Среќен сум што победивме откако први примивме гол, најмногу бидеќи ова се нема случено досега во оваа сезона.
Дуото Кутроне-Силва? Тие одиграа одличен натпревар, но тие се прилично млади. Головите на Силва во Лига европа? Знаете, италијанскиот фудбал е различен, има помалце простор и помалце време за размислуваше. Јас сум сигурен дека Силва ќе се прилагоди, тој има енормни квалитети и убеден сум дека ќе почне да го игра истото тоа што го игра во Лига Европа и со својата репрезентација.
Двајца напаѓачи од стартот за мечот против Торини? Значи, без Сусо? Да бидеме реални.. не сум убеден дека фановите сакаат формација со двајца напаѓачи и Сусо позади нив. Фановите сакаат победи, без разлика кој игра. Кога го играм Сусо близу до шеснаесетникот, вие сте први кои ме напаѓате велејќи дека е тоа погрешен потег. Напредокот на Борини на новата позиција? Според мене, тој се прилагоди перфектно, делува како цела кариера да играл на таа позиција. Состојбата на Бонучи? Нема ништо сериозно.
Кака? Тој е фантастичен играч и ми беше задоволство што се сретнав со него. Кака како дел од менаџментот на клубот? Не би можел да знам каква ќе биде неговата иднина. Тој зрачи со позитивна енергија и е еден неверојатен дечко.