Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

После срамниот пораз од Беневенто во саботата, Гатузо зборуваше за Премиум Спорт и проба да ја објасни ситуацијата. Рино беше директен и остар, засрамен од исходот на натпреварот. Вети дека ќе се обиде да го попорави впечатокот до крајот, но за тоа му треба реакција од целиот тим.

Тимот е во голем пад. Кога се игра без душа, се случуваат вакви испади. Јас сум првиот одговорен за ситуацијата, но кога ќе го анализираме натпреварот, сите алибиа паѓаат во вода. Кога се игра против тим како Беневенто, кој патем игра добар фудбал, и кога противникот се наоѓа на дното на табелата, не смее да се игра без одлучност и душа.

Без оглед дали играме со 2 или 3 напаѓи, без оглед на формацијата, ние ја немаме психолошката силина и страста да направиме успех. Овој тим создава шанси, создава опасност, но ја немаме менталната волја да го повредиме противникот. Ние практично го допираме противникот, но не го повредуваме. Тоа е нашиот проблем. Мора да се извиниме на навивачите, затоа што носиме дрес со престиж и не смееме да се брукаме како вечерва.

Во текот на неделата, на тренинзите, има многу позитивни сигнали, но кога ќе се соочиме со првата пречка на натпреварите, едноставно не реагираме соодветно. Празни сме. Очигледно е дека се мачиме и не треба противниците да направат нешто спектакуларно за да не победат. Баш како Беневенто денес.

Не смее да останеме без мотивација, затоа што се уште сме во борба за Лига Европа. Но и без тоа, ние сме Милан и секогаш играме за да победиме. Проблемот не е во целта, гледате дека тимот не е смирен, фокусиран или самоуверен.

Што треба да биде направено? Ова е пад, во секоја смисла. Потрошивме многу енергија оваа полусезона за да се искачиме на табелата. Денес ни фалеше и играч како Хакан, кој има уникатни карактеристики. Исто така и Сусо не тренираше во саботата, бидејќи имаше температура.

Јас секогаш очекувам тимот што го тренирам да игра со срце, а ние не делуваме како тим и тоа ме загрижува најмногу. Се осеќам изневерен. Ги предупредив играчите дека Беневенто игра добро периодов и дека ќе имаме потешкотии вечерва, така што нема поента да се биде тажен сега, туку требаше на тоа да размислуваат претходно.

Вечерва не видов никаква желба или чувство на припадност, како што гледав изминатите месеци. Наша должност сега е да се подобриме, и тоа инстантно, за да имаме шанса да ги достинеме нашите цели. Мора да бидеме способни да се погледнеме сами себе и да разбереме кои се нашите проблеми. Не е доволно само да се игра фудбал. Сакам да видам соодветна реакција.

Што осеќам во моментов? Осеќам горчина и срам. Ја претчустввуав опасноста со денови и бев јасен за тоа. Беше тежок натпревар, не правевме тоа што беше договорено и што секогаш треба да го правиме, а Беневенто тоа го искористи и ни отежна.

Милан има уште 5 натпревари до крајот на сезоната. Од нив 4 се во Серие А, со Болоња и Аталната на гости и Верона и Фиорентина на Сан Сиро, додека 5-от и најважниот натпревар е финалето на Купот на Италија против Јувентус, на 9 мај во Рим. Милан мора итно да се разбуди од лошиот сон и колку-толку да ја поправи сезоната во преостанатите натпревари.