Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По премиерниот настап и поразот на пенали од Манчестер Јунајтед, следниот предизвик за момците на Рино Гатузо се вика Тотенхем. Милан ќе се сретне со англискиот тим ноќта вторник наспроти среда на стадионот во Минеаполис, како дел од Интернационалниот Шампионски Куп. Рино Гатузо говореше на стандардната прес-конференција каде даде свое видување за состојбата на тимот, нашиот следен противник и тековното трансфер меркато.

 

Како се одвиваат подготовките? Работиме добро, ќе се почувствува уморот но се тоа е дел од овие подготовки. Сакам да се заблагодарам за целата инфраструктура што ја имаме тука на располагање и да им се заблагодарам на оние кои ни го овозможија сево ова и го организираа овој турнир. Тотехнем? Очекувам навистина тежок натпревар против силен тим. Тие се навистина воиграна екипа со голем квалитет во своите редови, иако ќе недостасуваат дел од нивните првотимци кои настапуваа на Светското Првенство во Русија. Очекувам отворена игра со две екипи кои сакаат да играат убав и квалитетен фудбал.

Последни подготовки пред натпреварот со Тотенхем

Што поразлично би побарал од играчите, во споредба со натпреварот против Манчестер Јунајтед? Да видиме прво кои ќе бидат промените во однос на претходниот натпревар, но би сакал континуитет во нашата работа, да одиграме добро како на претходниот натпревар и да го подориме квалитетот. Мора да напредуваме во менталниот аспект, играме на прекрасен стадион против навистина квалитетен противник. За нас, мора да претставува гордост да се соочиме со вакви противници во ваков тип на натпревари. Ова е патека која мора да ја изодиме и која ни е навистина потребна. Во која фаза се подготовките? Јас сум среќен и задоволен, по овој натпревар ќе имаме уште две недели простор за работа, каде ќе барам брзина и интензитет. Среќен сум со досегашната сработена работа. Атмосферата е одлична, момците работат навистина напорно но без никакви нервози кои се за очеквуање кога си уморен.

Рино Гатузо и Хозе Мурињо, на натпреварот Милан-Манчестер Јунајтед

Изјавата на Мурињо по натпреварот со Манчестер? На овие турнири гледаме играчи од генерациите 1998, 1999, 2000, кој имаат огромна шанса и можност да играат на вакво високо ниво, така да мислам дека не е воопшто лошо. Всушност, кога ќе размислам, жал ми е што не им дадов шанса на нашите деца, Марко Брешанини, Габриеле Капани и останатите. Оние кои го гледаа нашиот меч во Лос Анџелес имаа што да видат, па така овој тип на турнир и не е така лош.

Тренерот Рино со младите момци во првиот тим

Дали е предност тоа што сме далеку од Италија за време на трансфер лудилото? Би сакал да одговорам ‘да‘, но така би зборел глупости и би бил лицемер. Момците се секогаш со нивните телефони во рака, онлајн, читаат се и разговараат со своите агенти. Дури и во моето време, работите беа исти, но додека не заврши меркатото, ние секогаш ќе збориме за тоа. Исто и од моја страна, читам секој ден дека мојата позиција е под голем ризик… желбата за работа и професионалноста мора да ти носат одредена смиреност. Ние не ги одлучуваме овие работи, туку оние кои го претставуваат клубот. Ние гледаме напред и работиме со голем професионализам.  

 

По натпреварот со Тотенхем, Милан се среќава со Барселона, ноќта сабота наспроти недела. Потоа, тимот се враќа во Италија каде ќе ги финализира подготовките за почетокот на италијанското првенство и првиот меч против екипата на Џенова.