Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Додека Милан е на турнеа во САД каде ќе одигра неколку пријателски натпревари, аргентинскиот интернационалец и поранешен капитен на Лацио, Лукас Биглиа, пристигна во Миланело за да ги започне своите персонализирани тренинзи како дел од подготовката за новата сезона. Со можното заминување на капитенот Лео Бонучи, улогата на Биглиа како лидер во соблекувалната станува се поважна и поважна. За добредојде во Миланело, Биглиа беше интервјуиран од страна на МиланТВ, каде проговори за шансите во новата, како и за перформансите од изминатата сезона.

За време на летниот одмор, имав шанса да одморам, па болката повеќе ја нема. Се уште не сум 100% подготвен но сум во добра форма за да започнам со тренинзи. Задоволен сум со тоа како остатокот од тимот работи и се надевам дека ќе се приклучам на тимот што е можно побрзо. Нема многу време, но имам една недела за да се подготвам најдобро што можам и да му се ставам на располагање на тренерот Гатузо. Пред крајот на минатата сезона, тренерот ми ја вметна потребната самодоверба по тешкиот старт на сезоната, каде јас бев првиот кој беше разочаран од моите перформанси, бидејќи не ги исполнив очекувањата кои тимот ги имаше за мене и не успеавме да ги оствариме нашите зацртани цели. Сметам дека оваа сезона можеме да се вратиме назад, да ги поставиме вистинските цели и да ги оствариме.

 

Момците се во добра форма а останатите ќе се подобрат со неколку пријателски натпревари, но важно е и индивидуалците да одиграат добро. Имаме квалитетни играчи и се надеваме дека тренерот ќе ја продолжи добрата работа што ја започнавме минатата сезона. За разлика од лани, сега има време за работа, со свои идеи, па затоа и се надевам дека ќе се подобриме и ќе имаме добра сезона. Имаме млади но искусни играчи кои играле во првиот тим веќе 2-3 години во вака конкурентна лига како Сериа А. Јас сум возбуден, сакам да ја заборавам минатата сезона, подготвен сум да му помогнам на тимот и на овој врвен клуб. Се надевам дека ќе го дадам максимумот за тимот и ќе продолжам да ја водам оваа група на најдобриот можен начин.

 

Лукас Биглиа пред мечот Милан-Краиова на Сан Сиро, 3ти Август 2017

Целите за наредната сезона? Мојата цел е многу јасна, а тоа е да се вратиме во Лигата на Шампионите. Милан секогаш треба да цели високо, како на пример освојување на лигата. Тоа воопшто не е лесно, имајќи во предвид дека противниците се се посилни и посилни, но ние ќе го дадеме максимумот.