Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Момците на Рино Гатузо не застануваат! Серијата од 5 натпревари без пораз во лигата (2 победи и 3 нерешени резултати) Милан ја продолжи и во мечот против Каљари, победувајќи убедливо со резултат 3-0, благодарение на првенецот на Пакета, четвртиот гол во низа за Пјонтек и автогол на Чепители, одбранбениот играч на Каљари. По натпреварот, тренерот Рино Гатузо говореше пред медиумите на повеќе теми, меѓу кои Џиџо Донарума и Хакан Чалханоглу.

 

Мора да продолжиме со исто темпо. После овој резултат, сите момци заслужуваат пофални зборови. Во последниве 5 натпревари, конечно се вративме на играње убав фудбал. По третиот гол, решивме да не ризикуваме и да го ‘затвориме‘ натпреварот.

Алесио Ромањоли, Франк Кеси, Матео Мусакио, Рикардо Родригез, Кшиштоф Пјонтек, Џиџо Донарума и Лукас Пакета ја поздравуваат публиката по завршувањето на натпреварот Милан-Каљари, 10 февруари, 2019.

 

Џиџо? Тој е одличен голман и успева да ја направи разликата на терен. Тој од натпревар во натпревар докажува дека е еден од најдобрите голмани во светот. Исто така, тој има среќа што го има Реина за помош, кој не размислува за себе и кој му помага со неговото искуство. Џиџо веќе не е дете, тој е возрасен човек.

Џиџо Донарума пред почетокот на натпреварот Милан-Каљари, 10 февруари, 2019.

 

Чалханоглу? Тој можеше да постигне гол денес и да го тргне теретот од својот грб. Во две-три ситуации денес, тој шутираше онака како што треба и како што тој најдобро знае. Тој секако може многу подобро, но Хакан е играч кој дава многу за тимот. Калабрија игра со страст, но има и значително подобрување во менталниот аспект на неговата игра. Мусакио? Стабилен играч, кој знае како со топката и знае како да игра фудбал. Јас сум многу задоволен.