Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Тиему Бакајоко е еден од најстандардните играчи на Милан во изминативе неколку натпревари. Францускиот интернационалец пристигна во градот на модата ова лето, како позајмен играч од премиерлигашот Челзи. Иако неговиот старт во италијанската Сериа А беше помалку лош, Тиему покажа дека е борец и докажа дека свирежите може да се претворат во аплаузи. Бакајоко беше интервјуиран од страна на медуимот Bros. Stories, каде говореше за многу работи, меѓу кои и односот со Рино Гатузо, животот во Милано и италијанската лига.

 

Кога пристигнав во Милан, го запознав Малдини, најголемата легенда на овој клуб. Навистина е специјално кога си блиску до него. Буквално бев зашеметен при доаѓањето во Милан. Штеајќи се низ клубските простории, гледајќи ги сите тие трофеи.. да го знаеш сето тоа и да го живееш се сосема различни работи. Се чувствува дека не е било кој клуб, се чувствува дека си во победнички клуб со многу трофеи.

 

Првите неколку недели работите не идеа како што замислував, иако сите добро ме примија и креираа добри услови за да го покажам она што го знам. Понекогаш си мислиш дека адаптацијата во нова лига ќе биде брза и дека ќе можеш веднаш да го дадеш својот максумум. За жал, не идеше се по планот и фановите не беа баш фини кон мене. Односот од тренерот? Не ми се допадна тоа што ми го кажа. Нема потреба да се повторувам, но имаше навистина тешки зборови, особено по моите први 20 минути, тој беше навистина строг…

 

Тоа воопшто не ми се допаѓаше и јас веднаш му го кажав тоа, а сега работите се значително подобри. Сега веќе го знам неговиот карактер, тој е тип на тренер и човек кој е борец. Сфатив дека неговите тешки зборови кон мене беа со добра намера, за да го пренесе тој борбен дух кај мене, нешто што го немав во минатото. Овој борбен дух што го поседувам сега, го стекнав овде, во овој клуб. Тој за мене е сега како татко, а нашиот однос е фантастичен, разговараме за се и да се има таков однос со тренер е навистина супер.

 

Милано е одличен град, во поголемиот дел од годината е сончево, поприлично ладно во зима, но сепак сончево. Храната е навистина добра тука и тоа е многу важно за мене. Не може да се заборави дека станува збор за еден од најголемите градови кога станува збор за модата, па така можам да кажам дека да се биде во Милано е навистина интересно, мојот живот надвор од фудбалот е навистина динамичен. Овој град живее за фудбалот. Имате два клуба кои се фудбалски непријатели, каде постои голема страст кон плавата и црвената боја.  

 

Сериа А се враќа на старите патеки, во однос на она што беше додека настапував во Монако и Челзи. Би рекол дека лигата е многу слична со онаа во Англија и Франција, но значително потешка. Тактичкиот пристап кон секој натпревар е навистина важен тука. Голем дел од тренингот се заснова на вежби без топка, како и тактички тренинзи. Можам да кажам дека ми се допаѓа оваа лига, бидејќи ми овозможува да ги прикажам моите квалитети.