Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во еден навистина возбудлив натпревар на Сан Сиро, Милан успеа да ја победи екипата на Сампдорија со резултат 3-2, враќајќи се од негатива, откако момците на Марко Џанпаоло поведоа со резултат 1-2. По натпреварот, Рино Гатузо даде кратко интервју за МиланТВ, а во продолжение ќе ви ги пренесеме неговите впечатоци од натпреварот.

 

Победивме тим кој има навистина маестрален тренер, тим кој не стави во константен притисок за време на целиот натпревар. Видов многу позитивни работи, како карактерот и посветеноста, не беше воопшто лесно да се вратиш од негатива, па затоа им се заблагодарувам на моите момци.

Рино Гатузо го поздравува Рикардо Родригез по завршувањето на натпреварот Милан-Сампдорија, 28 октомври 2018

 

Без разлика на формацијата, ние се уште имаме многу работи да подобриме, како во одбрана така и во напад. Победата по промената на формација е добар знак, но ние уште сега треба да се фокусираме на натпреварот во среда, кој е од исклучително значење за нас.

Џенаро Гатузо и Патрик Кутроне во прегратка по завршувањето на натпреварот Милан-Сампдорија, 28 октомври 2018

 

Сусо? Јас многу ретко зборам за идивидуалци, би сакал да им се заблагодарам на моите момци за се што сторија за мене, ние треба да сме постабилни, но сепак не може да се занемари фактот дека успеавме да постигнеме три гола против тим како Сампдорија која до овој натпревар прими само четири гола оваа сезона.

Гонзало Игуаин, Патрик Кутроне, Сусо, Алесио Ромањоли и Матео Мусакио во прослава по голот на Гонзало Игуаин на натпреварот Милан-Сампдорија, 28 октомври 2018

 

Дали ова е момент на пресврт во сезоната? Се уште е рано, потребни се повеќе вакви натпревари за да збориме за точка на пресврт во сезоната. Ние треба да веруваме во тоа што го правиме, да останеме смирени. Би сакал да им се заблагодарам на сите навивачи кои дојдоа денес на Сан Сиро и не не исвиркуваат, туку не подржуваа.