Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан го победи Сасуоло со резултат 4-1, благодарение на головите на Кеси, Кастиљехо и Сусо, но исто така благодарение на одличниот старт на Игнацио Абате, кој спречи гол од самата гол линија при резултат 0-0. По натпреварот, Абате беше интервјуиран од страна на новинарите, каде потенцираше дека ова е навистина важна победа и дека лигата е многу поквалитетна во однос на минатата сезона.

 

Ова беше навистина важен натпревар. Како тим, ние секогаш верувавме во нашата работа, се наоѓаме на вистинската патека бидејќи игравме добро и пред овој натпревар. Се соочивме со тим кој игра навистина добар фудбал но ние прикажавме за нијанса поквалитетна игра која на крај беше одлучувачкиот фактор за победа.

Игнацио Абате за време на натпреварот Сасуоло-Милан, 30 септември 2018

За да победуваме, мора секогаш да бидеме психички подготвени и да го дадеме својот максимум. Оваа година лигата е навистина квалитетна и ќе биде тешко за сите екипи. Во изминатиов период не успевавме да ги освоиме сите три бода во мечеви каде доминиравме, да се надеваме дека од сега па натаму ќе освојуваме што е можно повеќе бодови.

 

На натпреварот со Сасуоло, Милан имаше проблеми со изборот на напаѓач, поради повредите на Игуаин и Кутроне, па Рино Гатузо му даде шанса на шпанецот Кастиљехо како ‘лажна деветка‘ во првиот тим. На укажаната шанса, Кастиљехо одговори со гол првенец во црвено-црниот дрес и одличен настап во целиот натпревар. По натпреварот, тој проговори за својот прв гол, како и за настаните на теренот.

 

Среќен сум со резултатот, со победата и со освоените бодови кои беа исклучително важни. Откако одигравме лошо во изминатите три натпревари, денес одигравме солидно и успеавме да ги освоиме сите бодови. Среќни сме со победата, а јас сум среќен со постигнатиот гол и со тоа што успеав да му помогнам на тимот да дојде до зацртаната цел во овој натпревар.

Џек Бонавентура, Саму Кастиљехо и Хакан Чалханоглу во прегратка по голот на Кастиљехо на натпреварот Сасуоло-Милан, 30 септември 2018

Улогата како напаѓач? Треба да се навикнам на тоа бидејќи за мене ова беше прв натпревар како напаѓач, но јас играм таму каде што сум потребен на овој тим. Се чувствувам добро во овој тим, има многу шпанци, многу аргентинци, па така за мене беше лесно да се прилагодам. Јас сум многу среќен што сум тука. Следни натпревари? Мора да се подобриме и да одиграме добро во Европа, ќе биде тешко а против Олимпијакос ќе одиме на победа.