Милан ја забележа втората победа во рамките на групната фаза на Лига Европа, победувајќи го тимот на Олимпијакос со резултат 3-1. Олимпијакос започна стабилно и успеа да го отвори резултатот и отиде на одмор со водство од 0-1. Рино Гатузо беше приморан да реагира во второто полувреме, внесувајќи ги Патрик Кутроне и Хакан Чалханоглу, играчи кои беа главни инспиратори на пресвртот. Младиот Кутроне беше стрелец на првиот гол, гол кој внесе надеж и го најави пресвртот. Во рок од 9 минути, гол постигна и Гонзало Игуаин, а по него повторно Кутроне за конечни 3-1. Вреди да се напомене учинокот на Чалханоглу, кој по влегувањето од клупа забележа две асистенции. По натпреварот, тренерот Рино Гатузо го искажа своето задоволство од резултатот и даде своја забелешка на одредени сегменти од играта на неговиот тим.
Чалханоглу имаше потреба од одмор, како и Кеси. Комплименти за Кутроне бидејќи тој продолжува со тренинг иако е се уште под лекарства. Свесни сме за квалитетите на Игуаин, од таму не беше случајност позицијата на Кастиљехо како негов партнер во нападот.

Гонзало Игуаин при постигнување на својот гол против Олимпијакос, 4 октомври 2018
Пробавме со 4-4-2 формација уште во првото полувреме, но се мачевме во креирање на нападите. Генерално треба помалце да се мачиме, тимот не успеваше да ја контролира играта во целиот натпревар но на крај успеа да победи.

Пепе Реина, Алесио Ромањоли, Тиму Бакајоко и Сусо ги поздравуваат фановите по последниот свиреж на судијата на натпреварот Милан – Олимпијакос, 4 октомври 2018
Игравме добро, но мора да бидеме покомпактни и полесно да го ‘читаме‘ натпреварот, имавме проблеми во фазата во одбрана, каде потребно е да работиме напорно и да се подобриме. Нашиот среден ред многу лесно ја губеше битката.

Патрик Кутроне го прославува својот гол против Олимпијакос, 4 октомври 2018
Кутроне? Се надевам дека ќе стане новиот Пипо Инзаги, но тој мора да продолжи со напорната работа и да остане цврсто на земја. Тешко е да се игра на Сан Сиро во 6 часот во работен ден, ние мора да дадеме се од себе и да им овозможиме на фановите да ја слушнат повторно химната на Лигата на Шампионите!