Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Еднаш, во едно не толку далечно минато, црвено-црните од Милано играа европски фудбал во вторник и среда. За жал, веќе неколку години по ред, Милан е далеку од оној Милан кој жареше и палеше низ цела Европа. Втора година по ред, европскиот фудбал за Милан значи мечеви во четвртоците, мечеви од второто по ранг натпреварување на УЕФА, Лига Европа.

 

Група Ф
Teams MP W D L G P
 AC Milan 1 1 0 0 1:0 3
 Betis 1 0 1 0 0:0 1
 Olympiakos Piraeus 1 0 1 0 0:0 1
 Dudelange 1 0 0 1 0:1 0

 

На денешната програма се натпреварите од второто коло, каде момците на Рино Гатузо ќе се соочат со грчкиот претставник, екипата на Олимпијакос. Тимот на Педро Мартинс, во првото коло одигра реми без голови против екипата на Бетис и го освои првиот бод во групната фаза на Лига Европа. Како што кажа и самиот Гатузо на прес-конференцијата пред натпреварот, грчкиот преставник е солидна екипа, составена од повеќе странски играчи заедно со неколку квалитетни домашни играчи. Тимот го краси брзината, офанзивниот пристап и се секогаш незгоден противник, особено во вакви мечеви каде немаат што да загубат.

Капитенот на Олимпијакос, Фетфацидис во дуел со играчите на Бетис Кристијан Тељо и Сиднеи, за време на натпреварот Олимпијакос-Бетис, 20 септември 2018

 

Кога станува збор за составот на Милан, главната вест пред овој натпревар е враќањето на Гонзало Игуаин во составот. Тој се најде на листата на повикани играчи, па останува да видиме дали ќе добие шанса од почетокот на натпреварот или сепак ќе чека шанса од клупата за резерви. На прес-конференцијата пред натпреварот, Гатузо потврди дека ќе има одредена ротација во составот, но не како на натпреварот со Дуделанж.

#MilanOlympiacos: our last training session

LIVE! 🎥Our last training session at Milanello before #MilanOlympiacosLa rifinitura dei rossoneri prima di Milan-Olympiacos#UEL

Posted by AC Milan on Wednesday, 3 October 2018

 

Од таму, за очекување се неколку измени, пред се во средниот ред, каде се очекува да стартува Тиму Бакајоко, на местото на Франк Кеси. Покрај Бакајоко, се очекува средниот ред да го сочинуваат Биглиа и Бонавентура. Во одбраната, се очекува заслужен одмор да добие Мусакио, па останува да видиме кој ќе го завземе неговото место во одбраната. Природно, тоа би требало да биде Матиа Калдара, но новајлијата во тимот на Милан се уште се мачи со повредата и е единствениот играч кој нема да му биде на располагање на Рино за овој натпревар. Повеќе медиуми шпекулираат со името на Запата за таа позиција, па останува да видиме кој ќе биде партнерот на Алесио Ромањоли во одбраната. На бековските позиции се очекуваат веќе стандардните Родригез и Калабрија. Кога станува збор за крилните позиции, медиумите шпекулираат дека по неколкуте добри мечеви и првиот постигнат гол, новајлијата Саму Кастиљехо конечно ќе добие шанса во првиот тим, на местото на Хакан Чалханоглу, додека пак неговиот сонародник Сусо ќе ја завземе својата стандардна позиција на десното крило.

 

Овие натпревари од групната фаза на Лига Европа треба да му послужат на Милан за враќање на помалку загубената самодоверба по трите нерешени натпревари во лигата. Победа во вечерашниот натпревар ќе значи подобра атмосфера пред мечот со Киево и нормално, продолжување на победничката серија по победата на Сасуоло. Како што истакна тренерот Гатузо, а воедно и играчите, на Милан му е потребна резултатска стабилност и победничка серија, па вечерашниот натпревар е одлична прилика за нови три бода во Лига Европа и насмевки на лицата на играчите и навивачите на ова црвено-црно семејство!