Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Nov 16, 2017

Во 1994 година, аутсајдерите Милан, предводени од Фабио Капело, се сретнаа со фаворитите Барселона на Јохан Кројф, во финалето на Лигата на шампиони. Иако сите очекуваа дефанзивно-ориентираните Италијани да бидат прегазени од „дрим-тимот“ на Барселона, се случи чудо. 

90те години припаѓаа на Милан. На чело со Фабио Капело, клубот ја забележа најдолгата серија на победи во историјата на Сериа А (58 натпревари) и освои 3 Скудета по ред, од 1992 до 1994. Но, кога пристигнаа во Атина за финалниот натпревар против Барселона, го добија префиксот аутсајдери, најмногу поради фактот дека не можеа да сметаат на играчи како Марко ван Бастен, Костакурта, Барези и Лентини (во тој момент, најскапиот фудбалер во историјата на фудбалот) и поради фактот дека играат против Барселона. 

Никој не се сомневаше во победата на Барселона во Атина. Дрим-тимот беше револуција, а исто и Јохан Кројф. Неговиот пристап кон фудбалот беше револуционерен, менувајќи ги сите параметри. Беше исто така и успешен: неколку дена пред финалето, Барса успеа да ја освои 4та титула по ред, во шпанската лига.

“Барселона се фаворити. Ние сме повеќе комплетни, повеќе компетитивни и секако поискусни во споредба со финалето во ’92 на Вембли. Милан не се ништо посебно. Тие ја базираат својата игра на одбрана, а ние нашата на напад. Доволно е да ја видите трансфер политиката. Ние го купивме Ромарио, кој во претходната сезона постигна 30 гола во 33 натпревари. Милан, за истите пари, го купи Десаи.” – Јохан Кројф

Утрото пред натпреварот, каталонскиот весник Ел Мундо Депортиво излезе со натписи дека Барселона, која се наоѓа во својот зенит, ќе игра против најслабиот тим во ерата на Берлускони. Најголемиот „удар“ и непочитување кон противникот дојде преку сликите на Кројф, како го држи трофејот, кои излегоа во медиумите пред натпреварот.

Но, по стартниот свиреж на судијата, работите почнаа да се одвиваат во сосема спротивен и неочекуван правец. Капело го постави тимот во 4-4-1-1 формација во дефанзива, со акцент на згуснување на редниот ред. За офанзивниот дел, Капело користеше повеќе шаблони, а главниот акцент беше на флуидноста на самиот напад.  

Milan’s midfield shape

Milan’s 4-4-1-1 shape in possession

Milan’s diamond in possession

Milan’s strikers in possession

Милан буквално го загуши средниот ред на Барселона. Десаи доминираше, а Албертини креираше. Барселона не успеа да ја извади топката надвор. Ромарио и Стоичков беа тотално отсечени во нападот и не можеа да се состават со топката. Одлуката на Капело да го започне мечот со балканското дуо, Савичевиќ и Бобан, беше ремек дело. Тандемот го контролираше натпреварот уште од самиот почеток. Всушност, самиот Савичевиќ беше еден од „виновниците“ за првиот гол, асистирајќи му на Даниеле Масаро. Масаро го зголеми водството на 2-0 со соло пробив по левата страна, кој резултираше со гол и огромна радост за италијаните во Атина.

Полувремето заврши со резултат од 2-0 и со огромно чудење од страна на Каталонците. Молк во соблекувалната. Според некои членови на стручниот штаб на Барселона, 15те минути одмор во соблекувалната биле најтешките минути во историјата на каталонскиот клуб.  

Надежите на Кројф и Барселона дека можат да се вратат во игра, беа веднаш негирани. Пред натпреварот, Дејан Савичевиќ изјави: ”Претседателот (Силвио Берлускони) во Миланело ми рече, „Дејан, ти си генијалецот во овој тим. Немој да не предадеш вечерва”. Дејан тоа го потврди тоа во Атина. Две минути по стартот на второто полувреме, на сцена настапи Дејан „Il Genio“ Савичевиќ. Ја украде топката од Мигуел Анхел Надал и од линијата на шеснаесетникот, успеа да го лобува голманот Зубизарета, зголемувајќи го водството на Милан на 3-0. По тоа ремек дело, на сите им стана јасно кој ќе биде новиот европски клубски шампион. До крајот на мечот, Марсел Десаи го постигна 4от и последен гол за Милан, потврдувајќи го конечниот резултат од 4-0 и огромната победа на Милан. 

Од Савичевиќ можеш само да очекуваш такви незамисливи брилијантни потези, бидејќи од позицијата во која беше, повеќето играчи ќе продолжеа да се движат кон голот, додека тој се реши за спектакуларен обид кој влезе во аналите на фудбалската игра. Тоа беше, едноставно… Una cosa da Savicevic! (италијанска фраза која во слободен превод би значеланачин на кој Савичевиќ ги прави работите)” – Фабио Капело

Барселона беше прегазена. Никој не го очекуваше тоа. Никој, дури ни Италијаните. По натпреварот, новинарот Филипо Гали напиша: “Овој Милан излезе на теренот со карактер, решителност и огромна тежина на своите раменици и го сруши тимот кој многу луѓе веќе го имаа запишано како новиот шампион’ 

Ова е перфекција. Ние одигравме совршен натпревар, каде не и дозволивме на Барселона да влезе во нејзиниот препознатлив ритам, но повеќе од се, игравме со голем интензитент, притисок и тенденција да бидеме опасни секој пат кога е топката во нашите нозе. Јас би им дал оцена 10 на сите 11 играчи, а наградата играч на натпреварот би му ја дал на Савичевиќ. – Фабио Капело

По натпреварот, самиот Савичевиќ, одговарајќи на коментарите на Берлускони пред натпреварот, изјави: ”Мислам дека не го разочарав Претседателот за време на ова финале. Оваа победа и овој гол се посветени токму на Берлускони’ 

18-ти мај, 1994 година требаше да биде денот кога Дрим Тимот на Јохан Кројф ќе стане бесмртен. Наместо тоа, 18-ти мај, 1994 година ќе остане запаметен како денот кога десеткуваниот и предвреме отпишан Милан, наспроти сите очекувања, успеа да го усмрти дотогаш бесмртниот Дрим Тим на Јохан Кројф и да се запише во историјата на фудбалот!