Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Nov 9, 2017

Раните 80ти не беа добри за Милан, клубот се мачеше да ги надмине неколкуте сезони во Сериа Б и скандалот со наместени натпревари во 1980 година. Во 1986 година, бизнисменот Силвио Берлускони го купи клубот со цел да го претвори во најуспешниот клуб во светот.

Покрај сега веќе легендарниот тренер, Ариго Саки, Милан го донесе холандскиот напаѓач, Марко Ван Бастен, за многумина росонери, најдобриот напаѓач на сите времиња. Неговите индивидуални успеси најдобро ја опишуваат кариерата на Марко: 3 пати Европски играч на годината, 2 пати најдобар стрелец во италијанското првенство, 3 пати титула Златна топка и многу други награди. Ван Бастен беше првиот играч кој успеал да постигне 4 гола на еден натпревар од Лигата на шампионите (тогашниот Куп на шампиони). Штета што таква блескава кариера мораше да заврши на 28 години. До денешен ден, многумина се прашуваат каква би била кариерата на Марко, доколку ги немаше тие повреди.

Истата таа сезона, пристигна и Руд Гулит, вториот холанѓанец кој беше препознатлив по неговата масивна коса и неговите одлични фудбалски вештини. Руд беше играч што прекрасно ја применуваше т.н. „Tотален фудбал“ филозофијата. Неговата моќ и силина му дадоа на Милан играч од светска класа, кој влеваше страв кај сите противници. По освојувањето на наградата најдобар Европски играч на годината, во 1987 година, истата му ја посвети на Нелсон Мандела, користејќи ја својата слава за да го сврти вниманието на јавноста кон неправдите во Јужна Африка.

Една година подоцна, во 1988 година, пристигна третиот и последен дел во сложувалката наречена „Холандското Трио“. Франк Рајкард, пријател од детството на Руд Гулит, пристигна во Милан. Тренерот Саки успеа да го трансформира Франк од одбранбен играч, во дефанзивен играч за врска, кој доминираше во средниот ред со својот агресивен стил на игра. Страв и трепет за своите противници, Франк Рајкард успеа да ја редефинира позицијата дефанзивен играч за врска и заедно со своите сонародници, успеа да го постави Милан на фудбалската мапа, како еден од најдобрите клубови во светот.

Првиот чекор на триото беше освојување на Скудетото во сезоната 87/88, нешто што Милан не успеваше да го освои последните 9 години. После тоа, следеа нови успеси. 3 Суперкуп титули, 2 титули во низа во Лига на шампиони (тогашен Куп на шампиони), 2 Европски супер куп, 2 Интерконтинентален куп. Не само што играа фантастичен фудбал, туку и го полнеа кабинетот на Милан со трофеи.

 

Првата огромна експлозија на ова трио дојде во 1989 година, во полуфиналето на Купот на шампиони, против Реал Мадрид. Фантастичен меч на Сан Сиро, крунисан со брилијантна победа и резултат 5-0. Уште поимпресивен беше фактот дека 5те гола беа постигнати од 5 различни играчи. Таа сезона, Милан ја финишираше со победа во финалето, против Стеауа со резултат од 4-0.

Во 1991 година, поради нарушени односи помеѓу Саки и ван Бастен, Берлускони се решава на смена на тренерот и го назначува младиот Фабио Капело за нов тренер. Многумина ќе речат, погрешно е да се менува тренерот кој носи победи, но Милан под Капело успеа да постигне нешто што никој до тогаш не успеал – од крајот на мај, 1991 па се до март 1993, Милан успеа да постави рекорд од 58 натпревари без пораз!

6 сезони, 3 Холанѓани, 10 трофеи и една перфектна сезона. Едноставно, легенди!

9 Dec 1992: AC Milan Players Demetrio Albertini, Ruud Gullit, Frank Rijkaard and Marco Van Basten form a wall in the European Cup match against PSV Eindhoven. AC Milan won the match 2-1.