Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

После пет кола во Сериа А и две кола во Лига Европа, време е за репрезентативните активности. 13 играчи на Милан се повикани за своите репрезентации, за престојните пријателски и квалификациони натпревари.

Нашиот капитен, Лео Бонучи и Џанлуиџи Донарума се повикани за репрезентацијата на Италија, за плеј-оф натпреварите во рамките на квалификациите за Светското Првенство во Русија, во 2018 година. Рикардо Родригез (Швајцарија), Никола Калиниќ (Хрватска) и Франк Кеси (Брег на Слонова Коска), исто така имаат одлучувачки натпревари за пласман на Светското Првенство во Русија. Во продолжение, погледнете ја целосната листа:
 

Репрезентација Повикани играчи Натпревари
Италија Џанлуиџи Донарума

Леонардо Бонучи

Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Шведска – Италија
(10.11.2017)

Квалификации за СП во Русија: Италија – Шведска
(13.11.2017)

Хрватска Никола Калиниќ Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Хрватска-Грција
(09.11.2017)

Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Грција-Хрватска
(12.11.2017)

Швајцарија Рикардо Родригез Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): С.Ирска-Швајцарија
(09.11.2017)

Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Швајцарија-С.Ирска
(12.11.2017)

Брег на Слонова Коска Франк Кеси Квалификации за СП во Русија (плеј-оф): Брег на Слонова Коска-Мароко
(11.11.2017)
Шпанија Сусо Пријателски натпревар: Шпанија-Коста Рика
(11.11.2017)

Пријателски натпревар: Русија-Шпанија
(14.11.2017)

Португалија Андре Силва Пријателски натпревар: Португалија-Саудиска Арабија
(10.11.2017)

Пријателски натпревар: Португалија-САД
(14.11.2017)

Турција Хакан Чалханоглу Пријателски натпревар: Романија-Турција
(09.11.2017)

Пријателски натпревар: Турција-Албанија
(13.11.2017)

Колумбија Кристијан Запата Пријателски натпревар: Р.Кореја-Колумбија
(10.11.2017)

Пријателски натпревар: Кина-Колумбија
(14.11.2017)

Италија (до 21 година) Давиде Калабрија
Мануел Локатели
Патрик Кутроне
Пријателски натпревар: Италија 21-Русија 21
(14.11.2017)
Италија (до 19 години) Mатео Габиа Пријателски натпревар: Холандија 19-Италија 19
(09.11.2017)

Пријателски натпревар: Италија 19-Унгарија 19
(13.11.2017)