Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По одиграни две кола, каде Милан забележа пораз (3-2 против Наполи) и победа (2-1 против Рома), дел од момците на Рино Гатузо ќе се посветат на своите репрезентации во првата репрезентативна пауза за оваа сезона, а остатокот заедно со Рино ќе ги анализираат одиграните мечеви и ќе се обидат да ги корегираат грешките. 11 играчи на Милан се повикани од своите репрезентации – дел ангажирани во пријателски натпревари, а дел на натпревари од новоформираната Лига на Нации на УЕФА.

Селекторот Роберто Манчини се одлучи 4 играчи на Милан во сениорската репрезентација: Џиџо Донарума, Џек Бонавентура, новото засилување Матиа Калдара и капитенот на Милан, Алесио Ромањоли. Тие, заедно со своите соиграчи, ќе одиграат два натпревари од новоформираната Лига на Нации, каде ќе се сретнат со репрезентациите на Полска и Португалија.

Лига А / Група 3
Натпревар Стадион Датум и време
 Италија – Полска  Стадион Ренато Далара, Болоња  7 септември, 20:45
 Португалија – Италија  Стадион Луж, Лисабон  10 септември, 20:45

 

Стрелецот на победничкиот гол против Рома, Патрик Кутроне и Давиде Калабрија не добија повик од страна на Роберто Манчини, па така се најдоа во репрезентацијата до 21 година, која во овој период предвиден за репрезентативен фудбал ќе одигра два пријателски натпревари, против селекциите на Словачка и Албанија.

Натпревар Стадион Датум и време
 Словачка У21 – Италија У21  Стадион МОЛ, Дунајска Стреда  6 септември, 18:30
 Италија У21 – Албанија У21  Стадион Сардења, Каљари  11 септември, 18:30

 

Шпанецот во дресот на Милан, Сусо, се најде на списокот на селекторот Луис Енрике за претстојните натпревари на Шпанија во рамките на Лигата на Нации. Репрезентацијата на Шпанија се наоѓа во групата 4, Лига А, и ќе се сретне со репрезентациите на Англија и Хрватска.

Лига А / Група 4
Натпревар Стадион Датум и време
 Англија – Шпанија  Стадион Вембли, Лондон  8 септември, 20:45
 Шпанија – Хрватска  Стадион Мануел Мартинез Валеро, Елче  11 септември, 20:45

 

Бројот 10 во црвено-црниот дрес, Хакан Чалханоглу, е стандарден репрезентативец на селекцијата на Турција, која се наоѓа во Група 2 (Лига Б) во рамките на Лигата на Нации и ќе се сретне со репрезентациите на Русија и Шведска.

Лига Б / Група 2
Натпревар Стадион Датум и време
 Турција – Русија  Стадион Сенол Ѓунеш, Трабзон  7 септември, 20:45
 Шведска – Турција  Стадион Френдс, Солна  10 септември, 20:45

 

Двете опции на левата бековска позиција во Милан, Рикардо Родригез и новото засилување Диего Лаксалт, се повикани од селекторите на своите репрезентации во претстониот период наменет за репрезентативен фудбал. Родригез и неговата Швајцарија се дел од групата 2 во најсилната Лига А од Лигата на Нации, каде ќе се сретнат со репрезентациите на Исланд и Белгија. Уругвај и Диего Лаксалт ќе го искористат овој репрезентативен период за воигрување на тимот преку пријателски натпревари со репрезентациите на Мексико и САД.

Лига А / Група 2
Натпревар Стадион Датум и време
 Швајцарија – Исланд  Стадион Кибнпарк, Ст.Гален  8 септември, 18:00
 Белгија – Швајцарија  Стадион Кинг Баудоин, Брисел  11 септември, 20:45

Натпревар Стадион Датум и време
 Мексико – Уругвај  Стадион НРГ, Хјустон  8 септември, 04:00
 САД – Уругвај  Стадион Нисан, Нешвил  12 септември, 02:30

 

Стрелецот на првиот гол во мечот против Рома, Франк Кеси, ќе биде дел од квалификациите за Африканскиот Куп на Нации, каде неговата репрезентација, Брегот на Слоновата Коска, ќе одигра натпревар против репрезентацијата на Руанда.

Натпревар Стадион Датум и време
 Руанда – Брегот на Слоновата Коска  Стадион Ниамирамбо, Кигали  9 септември, 15:30