Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Nov 4, 2017

Со оглед на тоа што меч против Сасуоло е окарактеризиран како “меч на сезоната” јасно ни дава до знаење за каков почеток на нашата сезона станува збор и во колку незавидна ситуација сме по 11 одиграни кола.

Сасуоло иако моментално е 17-ти на табелата за нас сигурно ќе претставува огромен проблем како и секогаш досега, нивната борба за опстанок воопшто не ни оди во прилог и со оглед на нашите изданија сезонава со сигурност можам да кажам дека утре не очекува исклучително тежок меч кој ќе ја одреди судбината на Монтела.

Медиумите силно шпекулираат дека ова е последната шанса на Монтела за спас на својата кариера со Милан, од него се очекува победа и се друго би резултирало со негово разрешување по што Сасуоло би ставиле крај на уште една тренерска кариера кога се “росонерите” во прашање.

Oна што повеќе ме загрижува од отказот на Монтела е тоа што како негова се спрема Џенаро Гатузо.
На страна играчката кариера на Рино во Милан, мислам дека нема фан кој не го почитува, но според мене доколку сакаме да ја спасиме сезоната мора да се ангажира некој далеку поискусен тренер, тренер со визија и стил на игра, и пред се авторитет кој со доаѓањето во Миланело ќе воспостави ред и дисциплина.

И овој меч за очекување е Монтела да го започне со 3-4-2-1 но со неколку измени, каде Локатели би стартувал место Биља кој е повреден, а со Бонучи меѓу Ромањоли и Запата би се затворила тројката во одбрана и сето тоа го носи Рикардо Родригез на левата крилна позиција.
Нападот останува ист како и во дербито против Јувенус каде што и покрај крајно разочарувачката партија на Калиниќ тој повторно добива предност пред Андре Силва за кој очигледно е дека сезонава нема да добие шанса да игра во континуитет за конечно да видиме дел од неговите квалитети.

Утре ќе играме меч за спас на сезоната, меч да фатиме приклучок кон нашата единствена цел – ЛШ, меч кој ќе ја одлучи судбината на нашиот тренер.
Дали конечно ќе заличиме на тим и ќе имаме лесно гостување како мечот со Киево или повторно ќе ни пресуди нашиот кошмар Берарди останува да видиме.