Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Nov 4, 2017

Винченцо Монтела со стандардна прес конференција пред натпреварот со Сасуоло. Во продолжение ви пренесуваме дел од прес конференцијата.

За тимот:

Ова е комплициран момент, самите бројки зборуваат за тоа. Ние мора да се вратиме на победничките патеки, но мора да работиме повеќе, мора да ги забрзаме работите. Овој тим има огромен потенцијал, но мора да се подобриме како тим, тактички и психолошки. 

За следниот противник (Сасуоло):

И они, исто како и ние, не ја започнаа добро оваа сезона, но сега направија некои тактички измени и пополека се враќаат во ритам. Тие одиграа добро со Наполи, но сепак ова не е наш проблем, ние треба да се фокусираме на самите себе, на нашиот однос кон натпреварот. Секогаш имаме потешкотии против тимови кој играат одбрана човек-на-човек.

За Лига Европа:

Јас мислам дека не игравме толку лошо. Имавме добри моменти во вториот дел. Нерешен резултат е добар резултат, иако ние сакавме со победа да го потврдиме пласманот во понатамошната фаза.

За крај:

Ние сме на вистинската патека. Гледам дека играчите имаат желба за напредок. Ова е седми натпревар кој го играме во простор од неколку дена, така да од исклучително значење е да се ротираат играчите. Јас работам со целиот тим, не само со 11 играчи. Дали ќе ме видите тука, на прес  конференција, пред  мечот со Наполи на 17ти ноември? Да. Јас сум сигурен дека ние сеуште имаме шанса да се вратиме назад во борба за 4то место. Ние ќе победиме утре.