Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Поразот на црвено-црните во дербито со Јувентус не претставуваше пречка Милан да ја има поддршката од најверните фанови и во Атина. Околу 500 припадници на Curva sud пристигнаа во грчката престолнина да им ја дадат својата подршка и да им помогнат на своите миленици да стигтнат до нова победа и пласман во следната фаза на Лига Европа.

Атина е град кој буди посебни чувства кај секој Росонер, бидејќи токму таму е извојувана легендарната победа во финалето на Лигата на шампионите во 1994 година против Барселона со 4-0, како и слатката одмазда во 2007 година против Ливерпул, повторно во финалето на Лигата на шампионите од 2-1. Сето ова му даде еден посебен шарм на натпреварот кој претстоеше.

 

 

Како увертира на овој натпревар, беше крвавиот инцидент што се случи помеѓу грчките и италијанските фанови. Додека останатите навивачи на Милан со организиран превоз со автобуси се упатија кон Олимпискиот стадион во Атина, група од околу 60 милански фанови се решија во сопствена режија да стигнат на натпреварот. После прошетката низ центарот на Атина, со локалното метро се упатија кон стадионот. На една од станиците во близина на Олимпискот стадион, црвено-црните беа нападнати од околу 80 маскирани припадници на Original 21, најголемата навивачка група на атински АЕК, наоружaни со безбол палки, факели и димни бомби, кукавички и од заседа, фрлајќи сѐ што ќе им дојде при рака по Миланезите. Поради неможноста соодветно да се одбранат и одговорат на нападот, резултатот беше 9 повредени милански фанови од кои тројца беа задржани поради опсервација во болница. За среќа, немаше сериозно и животно загрижувачки повредени и сѐ се заврши добро на крајот.

 

 

Добро, познавајќи ги грчките фанови, ова не е ништо ново. Се сеќаваме и на инцидентите во групната фаза во Лига Европа во 2010 година пред и за време на натпреварот на атинскиот АЕК со Хајдук од Сплит, каде на сличен начин беа нападнати и хрватските фанови, популарните Торцида. Во дуелот што се играше подоцна истата година во Сплит, АЕК ја немаше поддршката од своите навивачи, грчките фанови решија да останат дома. За верување е дека истото ќе се случеше и годинава доколку ова беше првиот меч помеѓу овие две екипи. Секој е „силен“ дома, нели?!