Се е подготвено за големото дерби. Големиот ден пристигна, а и емоциите не недостигаат. Околу 80,000 навивачи го чекаат двобојот на титаните, Милан-Јувентус. Прв предизвик на Милан пред полн стадион во новата сезона. Повеќе од два часа пред почетокот на натпреварот, Сан Сиро како што е вообичаено за ваквите натпревари го облече своето ноќно руво, полека дочекувајќи ги нестрпливите фанови. Добра претстава од актерите на теренот, маестрални кореографии на трибините и пред сѐ одлична забава се само дел од очекувањата на многубројната црвено-црна армија.
Најпрво, уште пред да истрчаат играчите на теренот, беше извадена парола со историското мото на Бјанконерите, „Vincere non è importante, è l’unica cosa che conta“ или „Победата не е важна, но е единственото нешто што се смета“, проследена со нотите на веќе традиционалната за овој двобој во Милано, „Sarà perche ti amo“ од Ricchi e Poveri.
Che confusione,
sarà perchè tifiamo
è un’emozione
che sale piano piano,
stringimi forte
e stammi più vicino
e chi non salta, è un gobbo Јuventino
Каква мешаница
ќе настане бидејќи навиваме
тоа е емоција
која расте полека
држи ме силно
и биди поблиску до мене
и кој не скока, е „грбавец“ Јувентинос
За време на објавувањето на играчите, поранешниот играч на Милан, Матиа Де Шиљо и поранешниот тренер Масимилиано Алегри беа громогласно исвиркани. Веднаш потоа беше подигната и одличната кореографија со Halloween тематика. Голема жолта тиква, под која гореа навивачките факели за максимален ефект, на бела позадина, поставена на гробишта каде на седумте надгробните плочи беа испишани годините кога Јувентус губеше во финалето на Лигата на шампионите: 1973 година против Ајакс, 1983 година против Хамбург, 1997 година против Борусија Дортмунд, 1998 и 2017 година против Реал Мадрид, 2015 година против Барселона, но и најважниот за навивачите на Милан, наслаткиот пораз на Јувентус во финалињата на Лигата на Шампионите – МАНЧЕРСТЕР 2003 година, токму од Милан! Во централниот дел, карактеристични дрвја и љиљаци и црвено-црната боја во позадина, за комплетирање на сликата. Во долниот дел беше испишана паролата „La Coppa, il sogno e il grande incubo“ или „Лигата на Шампионите, сонот и најголемиот кошмар“.
Погледнете како изгледаше кореографијата:
Иако на теренот нивните миленици повторно потфрлија и не стигнаа до ниту бод, во текот на целиот натпревар на трибините доминираа миланските тифози, звучната бариера пробиена, а миланската песна да се слушне до Торино! На крајот повторно Curva sud ја покажа својата големина и љубов према Милан, порачувајќи „Siamo sempre con voi, non vi lasceremo mai“ или секогаш сме со вас и никогаш нема да ве оставиме.
„Curva sud“ удри буквално каде што најмногу ги боли првиврзаниците на Јувентус, сакајќи уште еднаш да ги потсети и покаже кој е најголем клуб во Италија!
Tu sei tutta la vita mia! Forza Milan!