Доминација во Верона!

by admin

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″ parallax=”off” parallax_method=”on”][et_pb_text admin_label=”Text”]

После одличниот старт на сезоната на Милан, следуваше еден турбулентен период. Пораз од Сампдорија, порази и во дербињата против Лацио, Рома и Интер, нерешено со далеку послабите Џенова и АЕК Атина.  Тоа не беше пречка „Curva sud“ да ги следи своите миленици и во Верона, на речиси 200 километри оддалеченост од Милано.

Уште од самиот почеток на натпреварот, сликата на стадионот „Маркантонио Бентегоди“ беше јасна, миланската песна ќе доминира во обид да им помогне на играчите да ја прекинат несаканата сесрија од лоши резултати.  „Југот“ низ песна им порача, „Non mollare mai”, „E io canterò fino al novantesimo“, „Facci un gol“ или никогаш да не се откажуваат, дека ќе им пеат деведесет минути, само да најдат сили да постигнат гол.

Исходот од битката на трибините беше повеќе од јасен. „Curva sud“ уште еднаш ја покажа својата големина, неизмерната љубов која ја има према Милан, порачувајќи дека Милан никогаш нема да остане сам, дека и кога е најтешко тие секогаш ќе бидат тука за нив, дека Милан е живот!  Црвено-црната армија ја оправда својата репутација на една од најдобите и најдобро организираните тифо групи во Италија. Прашањето што следеше беше дали и играчите ќе најдат сили да ја пребродат кризата и ќе ја оправдаат фаворитската улога на теренот?

Се чини дека тоа и се случи, играчите конечно заиграа по нотите на „Curva sud“ и, за голема радост на сите приврзаници на Милан, извојуваа голема победа против објетивно послабиот Киево од 4-1. Победа многу важна за враќање на самодовербата на играчите која дојде во прав момент, дербито против Јувентус е на само три дена!

По самиот завршеток на натпреварот, играчите отпоздравија со „Curva sud“, a они им порачаа „Vi vogliamo così “ или вакви ве сакаме. Дали ќе биде и понатаму како што посакаа најверните фанови на Милан, останува да видиме веќе во сабота. Forza Milan!

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

You may also like

Leave a Comment