Derby della Madoninna: Curva Sud на ниво на задачата

by admin

Иако можеби нивните миленици не го покажаа очекуваното на теренот, на трибините гледавме сосема поинаква слика. На преполниот Сан Сиро, неколку илјади грла од „југот“ неуморно го бодреа Милан во текот на сите 90 минути. И покрај тоа што Милан речиси во текот на целиот натпревар бркаше негатива,  ечешета песна на најверните фанови, честопати надгласувајќи го и целиот стадион.

Кореографијата одлична. Парола со добро познатиот цитат од Цицерон, „Per aspera ad astra“ или „Низ трње до ѕвезди“, алудирајќи на тешкиот период низ кој поминуваше Милан последните години и доаѓањето на една нова ера, ера на повторно силен Милан, ера на возвишување на Милан повторно до ѕвездите! Над паролата е прикажана кочија која ја влечат 6 коња и два воини на коњ од страните. Боите на Милан, црвената, црната и белата боја се издигаат во позадина како бранови за комплетирање на одлично смислената кореографија.

Беше претставена и една парола, „Per sempre Bandito, tu il mio amore proibito“ или  „Засекогаш прогонувани, ти си нашата забранета љубов“, опкружувајќи ја безброј банери и две знамиња со грбот на Милан и Curva Sud.

Погледнете дел од кортеото и атмосверата на јужната трибина:

 

You may also like