[et_pb_section bb_built=”1″ admin_label=”section”][et_pb_row admin_label=”row”][et_pb_column type=”4_4″][et_pb_post_title admin_label=”Post Title” title=”off” categories=”off” comments=”off” featured_image=”off” custom_margin=”-85px||-5px|” custom_padding=”|||” /][et_pb_text admin_label=”Text”]
Интер против Милан. Сини против Црвени. Буржоазија против работничка класа. За фановите на Милан и Интер, денот кога се игра #DerbyMilano, Земјината топка престанува да се врти. Секоја тековна работа станува секундарна. Не постои ништо поважно од мечот против градскиот ривал. Градот е обоен во плаво и црвено. Градот дише за Дербито на Милано!
Оваа сезона, ждребката одлучи дербито да се игра во 8то коло. До ова коло, тимот на Интер е во далеку подобра форма од градскиот ривал Милан. Оттука, може да се заклучи дека Интер е екипата која влегува како фаворит во ова дерби. Но, и покрај формата на екипите, секој познавач на италијанскиот фудбал знае дека во #DerbyMilano нема фаворити!

Винченцо Монтела е под огромен притисок после поразот од Рома во последното коло. Некои медиуми тврдат дека мечот против Интер ќе биде ‘make it or break it’ за италијанскиот стратег на клупата на Милан. Недоволно опоравениот Калиниќ ќе значи дека конечно Андре Силва ќе добие стартно место во првите 11. Момче, заслужено!
Во одбраната, за очекување е стандардната тројка Ромањоли-Бонучи-Мусакио. Левата крилна позиција е резервирана за Родригез, а за десната ќе се ‘кршат копјата’ помеѓу Абате, Калабрија и Борини (кој изненади на таа позиција на мечот против Рома).

Средниот ред ќе го сочинуваат стандардните Биглиа и Кеси. Според повеќе италијански медиуми, како бекап на Андре Силва во нападот, се очекува да настапат Џек Бонавентура и Сусо.
Ова дерби, за разлика од претходните, ќе го дочекаме со сериозно поквалитетен состав поради што со логично е да се очекува и добар резултат. Тимот индивидуално е квалитетен, но сеуште не е влезен во потребната форма. Можеби токму мечот против градскиот ривал ќе служи како еден катализатор,како иницијална каписла која ќе го сврти текот на сезоната за Милан и конечно ќе почнеме да се искачуваме кон врвот.
Дерби дела Мадонина е меч во кој не е битно кој е поквалитетен противник, кој е во подобра форма и има подобри играчи. Дербито е меч во кој се е можно. Затоа, Keep Calm & Always Fight!
FORZA MILAN!!!
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]