Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Oct 9, 2017

На 6 дена до Дербито, тензијата и возбудата почнува да расте помеѓу фановите на двете екипи. Како едно мало загревање, денес ќе се обидеме да зборуваме малку на темата што всушност значи Derby Della Madoninna?

За фановите на Милан и Интер, без размислување, тоа е повеќе од обичен натпревар. За нив, Дербито претставува традиција и ривалство од невидени размери. За сите останати фанови, меч кој секогаш носи возбудливи моменти за паметење, меч кој се раскажува во наредните денови.  За подобро да го сфатиме значењето на Derby Della Madoninna, потребно е да се вратиме назад, во минатото.

Благодарение на неколкумина англичани, на чело со Herbert Kilpin, во декември 1899година се формирал Milan Foot-ball and Cricket Club, клуб кој подоцна ќе прерасне во еден од најголемите фудбалски клубови на сите времиња. Но, не толку долго по формирањето на клубот, се појавуваат и првите незадоволни лица. Незадоволството се јавува благодарение на засилената појава на национализам во Италија, поради која тогашната фудбалска федерација на Италија решила да формира две натпреварувања – едно во кое било дозволено учество на странци, а едно без странци. Овој потег на фудбалската федерација била директна причина за неколкумина членови на Milan Foot-ball and Cricket Club да го напуштат клубот и да формираат свој клуб, со име Internazionale.

Во минатото, Интер биле синоним за буржоазијата на Милано, додека пак Милан бил клуб на работничката класа. Од таму, можело да се забележи дека фановите на Интер доаѓале на мечевите на Сан Сиро со моторни возила, додека пак фановите на Милан го користеле јавниот транспорт. Може да се каже дека оваа класна разлика придонела за зголемување на ривалството помеѓу двете екипи.

Вреди да се спомене и еден интересен куриозитет, кој се случил во 1983 година. Историски, иако имало многу разлики помеѓу нив, сепак утрасите на Интер и Милан секогаш имале меѓусебно разбирање и почит и ретко дозволувале немили сцени надвор од стадионот. Ова неформално меѓусебно разбирање и почит било преточено во формален договор кој бил потпишан во форма на мировен договор, од страна на ултрасите на двете екипи.

Да сумираме, Derby Della Madoninna значи страст, љубов и престиж. Ретко кој може мирно да спие после едно Дерби. Едните од тага, другите од среќа и радост. Тоа е доволен показател за страста и жестината која постои во секој натпревар, доволен показател дека фановите буквално живеат за  Derby Della Madoninna. Да не должам повеќе, ќе ве оставам да го проследите краткото видео со кое комотно може да се дефинира терминот ‘Derby Della Madoninna’. Уживајте!