Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Oct 1, 2017

Мошне турбулентен период за Милан, медиумскиот притисок е се пожесток, отказот на Монтела е секојдневна тема, а тој и тимот не прикажуваат нит игра нит резултати за да ги негираат медиумите. За работите да бидат уште поинтересни отказ од Баерн Минхен оваа недела доби Карло Анчелоти и медиумите секојдневно најавуваат негово враќање во Милан.

По очајниот меч против Сампдорија каде Милан немаше шут во рамките на голот цели 90 минути на репертоарот ни следуваше едно според мене уште поочајно издание против екипата на Ријека каде Патрик Кутроне во судиското продолжение го остави Монтела на клупата, барем уште овие два следни натпревари каде тимот ќе мора да покаже зрелост и да собере бодови.

Следните 2 натпревари се со Рома и Интер, незгодни и силни противници но Монтела ќе го нема тој луксуз ако запише уште 2 порази да биде сигурен дека ќе опстане на клупата на Милан бидејќи според мене алармот е вклучен по поразот од Сампдорија, Фасоне и Мирабели будно го следат тимот и сигурно ќе реагираат доколку на почеток на сезоната Милан е премногу оддалечен од топ-4 екипите во Италија.

Сега конкретно за противникот – Рома би издвоил дека се еден од понезгодните противници за нас, а очигледно и за Монтела кој како тренер досега се има сретнатно 11 пати со Рома и во тие мечеви има извојувано точно 0 победи, 8 порази и 3 натпревари кои завршиле нерешено.

Сезонава имаат само 1 пораз и тоа од Интер додека на другите натпревари поминуваа релативно лесно декласирајки го противникот и ги привршуваа натпреварите без премногу проблеми и неизвесност.

За вечерашното дерби Монтела излегува во според мене најсилниот состав со еден мал експеримент – Борини на позицијата каде што сезонава требаше стандарден да биде Конти но поради ужасната повреда тој ќе пропушти 6 месеци од оваа сезона.

Повратник во одбранната е Мусакио, доста логичен потег по криминалните изданија на Кристијан Запата,а негови партнери во одбраната се очекува да бидат Лео Бонучи и Ромањоли. И двајцата досега имаат премногу киксови, премногу несигурност од така искусни играчи но да се надеваме дека денес ќе функционираат перфектно бидејќи Рома сигурно нема да ги прости нивните грешки.

Во средината на теренот Монтела се очекува да стартува со неуморливиот Франк Кеси, а до него ќе бидат Лукас Биглиа и Хакан Чалханоглу. Очекувам овој меч срединината да е една од најбитните карики, ќе нема простор за лабаво трчкарање низ теренот, ќе нема простор за премногу грешни додавања, ќе нема простор за грешки, едноставно мора да се одигра на ниво, дрско, брзо и едноставно.

Во нападот за прв пат во Серија А се очекува да стартуваат Калиниќ и Андре Силва, моментално најсилниот напад што монтела може да го извади на терен, напад од кој се очекува многу и се надеваме дека денес нема да потфрли. Андре Силва конечно добива одлична шанса во Калчото и има можност одличните партии од Лигата на Европа да ги повтори уште вечерва против Рома.

Џек Бонавентура и Сусо ќе останат на клупата, реално ова е доста логичен потег на Монтела бидејќи и двајцата од почетокот на сезоната имаат проблеми со својата форма, поготово Џек после повредата. Додека кај Сусо очигледно проблемот е формацијата, сеуште не може да се пронајде во оваа 3-5-2/3-5-1-1 на Монтела и сега засега не заслужува да стартува но е одлична алтернатива од клупа.

За крај би сакал само да напоменам дека денес имаме огранизиран собир во “Gallery Cafe”, се надеваме дека ќе дојдете во што е можно поголем број, па со победа да ја прославиме официјализацијата на фан клубот. Недела, 18.00ч, Gallery Cafe!