Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Jan 5, 2018

После еуфоријата од победата над градските ривали Интер во Тим Куп, Фиорентина ги врати Росонерите во суровата реалност. Нерешен резултат од 1-1 од гостувањето во Фиренца. Можеби ова и не е толку лош резултат со оглед на тоа каква сезона игра Милан во Серија А, 1 бод на гости кај Фиорентина, но сепак Милан мора многу подобро. Играта не беше многу различна од останатите натпревари годинава, средниот ред изгубен, нападот отсечен. Познато нели?! Единствен позитивен момент може беше фактот дека и покрај резултатската негатива, играчите покажаа карактер и успеаа да ја вратат негативата и дури да создадат шанси и за победа, нешто што не го гледавме во досегашниот тек од сезоната пречесто, но што е, тука е.

Дојде нова година и навивачите секако очекуваат конечно да го видат Милан за кој веќе сонуваат повеќе години  и кој го очекуваа на почетокот на годината. Прва пречка на тој пат е Кротоне во сабота.

Што се однесува до составот, Гатузо повторно се одлучува за најсилниот состав кој го има на располагање во моментов, без разлика што станува збор за натпревар против далеку послаб противник. Впрочем тоа и самиот Гатузо тоа го изјави на прес-конференцијата денес, дека не смееме ги потцениме Кротоне.

Одбранбената линија би рекол стандардна, додека да се врати Конти од повредата, Калабрија на десната страна, кој во претходните неколку натпревари се наметна како подобра опција од Абате. За во централниот дел од теренот, Гатузо се одлучи за Кеси, кој е стандарден на речиси секој меч на Милан сезонава, Монтоливо, кој не баш да брилира, но во отсуство на подобро решение, неговото место како стартер е сосема логична одлука. Биља никако да ја пронајде формата од Лацио од лани и не може да се снајде во системот, ако воопшто постои, кој го наметнаа прво Монтела, па сега и Гатузо. Локатели, момчето кое ја држеше централната линија ланската полусезона, никако да ја пронајде формата од пред повредата. Она што ми смета овде е дека и со послаб противник не добива шанса да заигра во стартниот состав, а токму тоа му е потребно во моментов. На средина лево е повлечен Бонавентура, бидејќи после одличната игра на Чалханоглу и постигнатиот гол против Фиорентина, тој ќе завземе неговата позиција во нападот. Ова особено ме радува бидејќи Чалханоглу е играч кој го бараа пола клубови во Европа, еден од технички најпоткованите фудбалери кои ги имаме и конечно почнува да игра. Сусо стандарден по десната страна во нападот, а за централен напаѓач Гатузо најверојатно ќе се одлучи за Кутроне. Мое мислење е дека и Андре Силва треба да ја почне овој натпревар. Слично како и со Локатели, играме против доста послаб противник, а она што му треба на Силва е само еден гол, да ја премости таа психолошка бариера. Може комотно да игра на левата страна до Кутроне, а Чалханоглу на позицијата каде сега игра Џек. Ми се чини дека Милан прерано некако се откажува од Андре Силва, а очекувам во сезоните кои следат, да биде еден од најдобрите напаѓачи во светот. Се на се, се очекува релативно лесен натпревар и секако се освен победа на Милан, ќе биде голем неуспех.

Да се надеваме дека 2018 година ќе биде година на Милан, но што и да се случи, секогаш Forza Milan! SIAMO SEMPRE CON VOI, NON VI LASCEREMO MAI!