Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Во тренинг центарот Миланело, се одржа првата прес-конференција во новата година, пред мечот на Сан Сиро против фенерџијата Кротоне. Тренерот Гатузо говореше за нашиот следен противник, за ситуацијата во тимот и за трансфер пазарот. Во продолжение ви пренесуваме дел од зборовите на Рино Гатузо:

Нема ниту еден лесен натпревар во Серие А. Треба да се подготвиме за овој натпревар како што се подготвувавме изминативе денови. Ќе биде тежок натпревар, а ние мора да се фокусираме на 3те поени кои се исклучително важни за нас. Кротоне одигра прилично добро во првото полувреме против Лацио и Наполи, а ние мора да го почитуваме противникот и да играме со високо темпо, доколку сакаме да го добиеме овој натпревар. Мора да добиеме уште неколку натпревари. Сакам моите момци да се фокусираат на фактот дека иако не играме баш добро, сепак сме солидни и добро се држиме во однос со нашите противници. Не сме на добра позиција во лигата, но сме во полу-финале на Купот и во елиминационата фаза од Лига Европа. Се додека е математички возможно, треба да се бориме за пласман во Лигата на Шампионите.

 

Трансфер периодот не треба да биде дефокусирање. До сега, ниту еден играч не дошол кај мене да ми каже дека сака да замине. Немаме потреба да купуваме нови играчи бидејќи имаме квалитететни играчи и јас сакам да работам со овие момци. Замена за Кеси? Монтоливо може да игра на неговата позиција, исто така и Локатели, иако се различен тип на играчи во однос со Франк.

Хакан Чалханоглу како стартер? Можеби. Тој беше добар во дербито како и на мечот со Фиорентина. Калиниќ тренира напорно и е навистина мотивиран. За Патрик Кутроне навистина нема потреба да се зборува, сите добро ја гледаме неговата желба во црвено-црниот дрес. Андре Силва е млад играч, кој има тежок период. Ние очекувавме повеќе но реално, тој нема добиено соодветна шанса да ја покаже својата вредност. Задоволен сум од моите напаѓачи.
Кога ќе примиш гол, не се виновни само централните дефанзивци. За голот во Фиренца, точно е дека Бонучи беше директниот виновник, но исто така и Калабрија кој задоцни при блокирање на играчот кој центрираше кон стрелецот на голот. Одбраната како целина мора да се подобри.

Не знам како ќе го поминам мојот 40ти роденден. Се надевам дека жена ми ќе ми купи торта и ќе ми даде шише шампањ или можеби црвено вино. Имам многу добри сеќавања од мојата кариера. Никогаш немав навика да славам премногу после победа во некој натпревар, додека пак ги жалев и плачев сите порази. Беше навистина тешко да се преболи Истанбул. Поразите се тие што секогаш и паметам. Во такви моменти, секогаш треба да има луѓе околу тебе кои ќе ти помогнат да се вратиш на нозе, а овде во Милан има многу такви. Победа како ран поклон за мојот роденден наместо тортата од жена ми? Каде треба да потпишам?!