По приземјувањето во четвртокот против Арсенал во рамките на Лига Европа ни следува нов дуел од Калчото и тоа на жешкиот терен во Џенова каде на последните 3 гостувања имаме 3 порази.
Последната победа на “Мараси” ја имаме извојувано далечната 2014-та година за потоа да следат два минимални порази од 1-0 и понижување минатата сезона од 3-0.
Овој меч ќе биде вистински предизвик за Гатузо и одлична прилика за доближување кон екипите кои се борат за ЛШ бидејќи вечерва на Сан Сиро Интер го пречекува Наполи и победа на “Мараси” се чини како единствена опција за нашиот тим.
Поразот од Арсенал може и дојде во вистинско време и посекако ќе е одлична лекција за самиот Гатузо и помладите и неискусни играчи кои се надевам ќе извлечат некаква поука од тоа и во остатокот од сезоната оние дерби средби кои ни се од исклучителна важност ќе ги изиграме посамоуверено и без грешка со цел некако да се протнеме во она натпреварување кое најмногу ни недостасува – Лигата на Шампионите.
По мечот со Арсенал во медиумите има низа шпекулации за тоа кои играчи ќе настапат денес и во стартниот состав се очекуваат неколку промени и тоа на десната бековска позиција кај Калабрија и секако во нападот.
На местото на Калабрија, кој физички не е спремен да изигра 90 минути на овој меч, се очекува да стартува Борини, а додека во нападот каде што сите претпоставувате и се надевате дека доколку не игра Кутроне тогаш конечно шанса би требало да добие Силва ќе морам да ве разочарам и на таа позиција да го најавам Никола Калиниќ.
Уште една промена во стартниот состав е можна во средината на теренот каде место Биглиа овој меч би стартувал Монтоливо и тоа токму на позицијата на која мислам дека е ужасен и дека не може да се носи со притисокот на истата.
Немам ништо против нашиот поранешен капитен но мислам дека многу подобро се снаоѓа кога не игра како последен играч за врска и има некоја послободна улога која му дозволува да игра понапред и да нема толкава дефанзивна одговорност.
Можеби е време да стартува Локатели и конечно да изигра еден добар меч поради тоа што цела сезона е во сенка но очигледно Џенаро не сака да ризикува и ја бира поискусната опција за тој дел од теренот.
Останатиот дел од тимот останува ист и очекувам далеку подобри игри од Сусо и Џек бидејќи како најкреативни и најискусни офанзивци во овој Милан треба да превземат поголема одговорност со цел да дојдеме до посакуваниот резултат.
Време е црната серија гостувања на “Мараси” да заврши и денес победата е единствена опција за нашиот тим!
Forza Milan e ANDIAMO RAGAZZII!!!!!!!!!!!!!!!!!