Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Mилан забележа победа над Џенова благодарение на голот првенец на Андре Силва во последните секунди од натпреварот. Со оваа победа и искористувајќи ги киксовите на ривалите, момците на Рино Гатузо се доближија на пет бода до градскиот ривал Интер, кој се наоѓа на 5та позиција и на шест бода до четвртопласираниот Лацио. По натпреварот, свое видување за настаните на теренот дадоа тренерот Гатузо, како и Бигла и херојот на мечот – Андре Силва.

ЏЕНАРО ГАТУЗО

Јас сум многу среќен по вечерашниот натпревар.Се се заврши добро за нас. Џенова се навистина добро подготвена екипа, па така ние многу лесно можевме и да го загубиме натпреварот. Ми се допаѓа идентитетот и менталитетот на овој тим. Ние сме во добра физичка кондиција и јас сум среќен поради тоа. Некои велеа дека поразот од Арсенал во четвртокот беше поради нашата слаба физичка подготвеност, но јас знаев дека поразот нема врска со тоа. За реванш мечот во Лига Европа, имаме 30% шанси за победа.

 

АНДРЕ СИЛВА

Ако јас не играм доволно натпревари тоа е поради фактот дека треба да тренирам напорно. Немав постигнато гол до сега во ова натпреварување. Јас сум многу среќен, иако центаршутот на Сусо не беше баш добар (се смее). Би сакал да им се заблагодарам на сите, на стручниот штаб и на соиграчите. Постигнувањето гол за мене значи многу. Ќе дадеме се од себе против Арсенал, веруваме во себеси.

ЛУКАС БИГЛИА

Навистина е тешко да се игра тука, многу екипи загубија на овој терен. Ние дојдовме тука разочарани по поразот во четвртокот, но се уште имаме време за пресврт наредната недела. Треба да продолжиме да играме како тим. Не го гледаме распоредот, се фокусираме само на следниот натпревар, па на крај ќе видиме. Среќен сум за Андре Силва бидејќи работи навистина напорно на тренинзите. Се надевам дека и Нико (Калиниќ) ќе проработи наскоро.