Мусакио: На добар пат сме!

by Daniel

На својот прв настап на Интернационалниот Шампионски Куп во САД, како предигра на новата сезона, Милан загуби од Манчестер Јунајтед по изведување на пенали, откако во регуларниот дел натпреварот заврши со резултат 1-1. По натпреварот, Матео Муаскио и Пепе Реина  за МиланТВ дадоа свое видување за настаните на теренот.

Со можното заминување на капитенот Лео Бонучи, можно е да се отвори слободно место за Матео Мусакио, кој дојде во Милан минатата сезона од шпанскиот тим Виљареал. На денешниот натпревар, одбранбениот играч ги одигра сите 90 минути и покажа дека може да се смета на него во престојната сезона.

Ова беше наш прв натпревар со вака силен противник. Ова беше подготвителен натпревар, но јас мислам дека сме на добар пат. Работиме силно на физичката подготвеност, а сега почнавме и со работа со топка. Важното е што се наоѓаме во добра физичка кондиција.

 

Пепе Реина го имаше своето неофицијално деби, менувајќи го Џиџо Донарума во 60 минута и беше едно навистина квалитетно деби, бидејќи заедно со голманот на Јунајтед Переира, беа ѕвезди на вечерта во пенал завршницата. Од вкупно 26 пенали во пенал рулетот, Реина успеа да сопре 4 од нив и исто така успеа да постигне гол. Сепак, тоа не беше доволно за победа бидејќи Манчестер Јунајтед го доби пенал рулетот со вкупен резултат  9-8.

Не е невообичаено за голман да шутира во пенал завршница, а јас се обидов да помогнам. Тој (Переира) шутираше прв и јас бев доволно среќен да одбранам. Тогаш почувствував самодоверба и го искористив тоа, за моја среќа успеав да постигнам гол. Важната работа е тоа што овој натпревар е за подготовка на тимот на најдобриот можен начин. Манчестер Јунајтед тренираат веќе подолго време, тие се одличен тим и физички се добро подготвени, но нашето издание беше на истото ниво. Во мојата кариера имав голема среќа да бидам дел од големи тимови, а Милан е еден од најважните тимови во мојата кариера. Јас сум многу среќен и ми претставува огромна чест што го одиграв својот прв меч за Милан, надевајќи се дека ќе одиграм барем 150 натпревари во овој дрес.

 Сепак, останува да се види дали Реина ќе остане во Милан, бидејќи повеќе медиуми низ Италија и Англија тврдат дека тој е пред преселба во Челзи, кај неговиот поранешен тренер од Наполи, Маурицио Сари.

 

You may also like

Leave a Comment