Монтела: ‘Се подобруваме!’

by Daniel

Тренерот на Милан, Винченцо Монтела, по завршувањето на натпреварот со Сасуоло даде изјава за самиот меч и за состојбата во тимот. Во продолжение, прочитајте дел од неговото интервју:

Имавме 10 удари на гол денес, повеќе него во било кој друг натпревар претходно оваа сезона. Тоа значи дека работиме и се подобруваме, иако некои луѓе не го приметуваат тоа. Видов многу позитивни работи денес, бевме организирани, не дозволувавме многу активности на противничките напаѓачи и креиравме многу шанси со 10 удари на гол, така да, јас сум среќен.  Јас имам голема верба бидејќи играчите во нашиот тим се подобруваат, како и помладите играчи кои заедно со поискусните, ќе растат. Јас сум убеден дека ќе се бориме за нашите зацртани цели до крај на сезоната.

Монтела потоа даде осврт на шпекулациите за неговиот отказ и за изборот на неговиот наследник, поточно, тренерот на младинците, Џенаро Гатузо:

Џенаро ми е пријател. И он, исто како и јас, беше вовлечен во оваа приказна наспроти неговата желба, но шпекулациите на медиумите се дел од оваа работа. Реков дека го гледам мојот погреб и мислам дека секој сонува да може да го направи истото. Тоа беше корисно, бидејќи успеав да сфатам одредени работи.

You may also like

Leave a Comment