Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан ја финишираше оваа сезона со огромна победа над Фиорентина со резултат од 5-1. Спортскиот директор на Милан, Масимилијано Мирабели, по натпреварот беше интервјуиран од МиланТВ, каде ги сподели своите мисли на повеќе теми, меѓу кои и Хакан Чалханоглу, Рино Гатузо и атмосферата на Сан Сиро.

 

Ова беше навистина долга сезона. Одигравме 57 натпревари без длабочина во составот, сепак, ние сме свесни дека имаме навистина млада и талентирана база на играчи кои имаат навистина светла иднина. Ќе се обидеме да донесеме неколку играчи и да ги подигнеме критериумите во следниов преоден рок. Вечерва ние ја постигнавме нашата минимална цел, но нашата вистинска цел се уште е далеку бидејќи го имаме најмладиот тим во Италија. Одработивме навистина добро во вториот дел од сезоната. Не сакам да се фокусирам на поените што можевме да ги освоиме но не ги освоивме. Сепак, ова е сосема добра појдовна точка.

Чалханоглу? Знаевме дека нема играно 6 месеци и ова беше сосема поинаков свет за него. Денес тој постигна гол и успеа да оствари три асистенции, а сепак ова не е неговиот максимум. Тој може уште повеќе, може да ја прави разликата на секој натпревар. Во Германија, Хакан играше класична 10ка, но во 4-4-2 систем, играјќи на двете страни, како и централно. Ние имаме огромен талент пред нас.

 

Гатузо? Јас сум задоволен со неговата работа. Во некои поинакви услови, тој можеби ќе стореше уште повеќе. Тој извонредно си ја заврши својата работа. Тимот беше во лоша состојба, а Рино успеа да го корегира тоа. Покрај тоа, тој е одличен мотиватор, делува како да бил тренер целиот негов живот. Ние како менаџмент на клубот, сакавме да ја направиме вистинската промена по Монтела, а Фасоне и јас се одлучивме за Гатузо бидејќи бевме убедени дека е создаден за работата.

 

Атмосферата на Сан Сиро беше навистина фантастична. Ова е втор пат како најверните навивачи на Милан не поздравуваат на овој начин. Се надевам дека ќе им вратиме со нешто навистина важно. Заслуживме да го освоиме Купот на Италија, но сепак не успеавме во тоа. Сепак, и покрај се, ние примивме огромна поддршка од секој дел од светот и сме навистина благодарни.