Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Претходната година беше финалето во Лигата на шампионите во кое што се случи она во кој што никој не веруваше. Барселона предводена од Јохан Кројф го имаше дрим-тимот во фудбалот тогаш, додека Милан на Фабио Капело беше отпишан од трофејот уште пред да почне финалето. Барселона декласирана, а Милан го освои својот 5-ти наслов, Шампон на Европа! Масаро стрелаше два пати, Савичевиќ и Десаи по еднаш за место во аналите на европскиот фудбал.

Следниот предизвик за Милан на европската фудбалска сцена беше Супер купот. Тогаш, Супер купот се играше меѓу победникот во Лигата на шампионите и победникот во Купот на победниците на куповите. Милан и Арсенал ќе ги одмерат силите!

Пресметката се одвиваше во два натревара, првиот во Лондон на Хаибери, а после и во Милано на Сан Сиро.

На 1-ви февруари беше се’ спремно за првата битка. Арсенал излезе во формација 4-4-2, со Девид Симан на голот, Стив Болдс и Тони Адамс како стопреи, Ли Диксон како десен, а Најџел Винтербурн како лев бек. Средината припадна на Стефан Шварц од Шведска, Џон Џенсен, Иан Сели и Иан Врајт, додека во нападот беа Пол Мерсон и Еди Мекголдрик. Милан играше слично, со Диметрио Албертини и Марсел Десаи како главни креативци во нивната игра, Донадони и Савичивиќ по страните, легендарните Баризи и Костакурта во столбот на одбраната пред Себастиано Роси, Малдини лево и Тасоти десно. Нападот беше резервиран за Масаро и Марко Симеоне.

Самиот натпревар немаше многу возбудувања и подоцна беше окарактеризиран како „тренинг натпревар“. Имаше неколку убави шанси од двата тима на двете страни, но никој не успеа да го отвори резултатот. Милан играше на офсајд замки и беа успешни во тоа, додека Арсенал безуспешно се обидуваше да го пробие бедемот на Милан. Милан се закани неколку пати преку Савичиќевиќ и Симеоне, додека за Арсенал најдобрите шанси дојдоа преку Тони Адмас, кој беше и капитен на Англичаните. Сепак, натпреварот заврши нерешено и без голови, 0-0. Реваншот ќе решава за шампионот!

Вториот натпревар беше недела дена подоцна, на Сан Сиро Милан ќе се обиде да ја затвори сезоната со уште еден трофеј. Тимот на Капело везеше по теренот за еден одличен натпревар, во кој Савичивеќ ќе одигра главна улога. Звонимир Бобан и Кристиан Панучи се новите имиња во првиот состав на Милан. Токму и Бобан ќе биде стрелец на првиот гол. Масаро ги постигна конечните 2-0 за Милан и за нов трофеј во ветрините.

FORZA MILAN!