Во летниот преоден рок, Милан потроши 250 милиони евра на нови засилувања. Заедно со Манчестер Сити и Париз Сен Жермен беа екипите кои најмногу вложија во реконструкција на своите тимови. Меѓутоа и покрај ова, Росонерите играат просечна сезона, далеку под очекувањата пред почетокот на кампањата и логично, сите фанови се прашуваат што се случи и каде погреши раководството. Масимилиано Мирабели, спортскиот директор на Милан, после нерешениот резултат од 1-1 во Бергамо со Аталанта зборуваше со новинарите на Скај Спорт.
Се обидовме да го прифатиме Донарума, тој е млад и претставува наше наследство. Сите правиме грешки, го зборувавме тоа со него. За неговата иднина одлучува тој. Дали размислуваме да го продадеме Донарума ако пристигне примамлива понуда? Тоа исто така зависи и од него, ова се однесува на сите играчи.
Калиниќ дојде во специфичен период. Пристигна во лоша состојба во претсезоната. Тој имаше одличен натпревар денес, ама немаше среќа. Оваа не е една од неговите најдобрите години, но тој е напаѓач кој има голема почит.
Имавме подеми и падови. Ги донесовме Бонучи и Биглиа во Милан за да придонесат во растот на овој тим. Овој Милан на фановите ќе им го даде посакуваното задоволство што не успеаа оваа година.
Имаме сосема јасни идеи, ние направивме посебна стратегија за ова лето. До сега земавме што е можно повеќе играчи да се обидеме да отвориме нов циклус. Ние сме млад тим и дресот на Милан е тежок за носење. Многу играчи сакаат да дојдат во Милан, а има и такви кои ги бараат од други клубови. Задоволни сме засега.
Треба да ја заборавиме приказната за Милан кој освои 7 титули во Лигата на Шампионите. Тоа беше друг тип на фудбал. Нема да се залажуваме дека ќе можеме да се вратиме во шампионските години, ние никогаш нема да привлечеме такви играчи. Ова ќе биде многу тешко. Не смееме да заборавиме дека во минатото се играше друг фудбал. Веќе немаме шанса да донесеме многу врвни играчи поради Арапите. Ние веќе не сме земја на шампиони за која многумина сонуваа. Мораме да избереме друг начин на кој ќе донесуваме силни играчи.