Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан беше на чекор до победа во гостувањето во Бергамо против Аталанта и обезбедување на 6-тото место во Серија А кое директно води во групната фаза на Лига Европа. Сепак, наивната грешка на Донарума во последните моменти од мечот, го остава Милан во последното коло да одлучи за својата судбина во натпреварот против Фиорентина на Сан Сиро.

Капитенот Леонардо Бонучи зборуваше со новинарите од Милан ТВ после ремито со Аталанта.

Ова не е резултат за прослава. Во неделата нè чека вистинска битка, предизвик што треба да го добиеме за подобро да се подготвиме за следната сезона. Оваа година? Очекувавме поинаква сезона, но за среќа доста пораснавме. Изгубивме премногу поени против тимови од наш ранг и тимови кои се борат за опстанок и не тоа е нешто што не можеме да си го дозволиме. Сè е лекција и многуте млади играчи што ги имаме во тимот ќе бидат многу подобри по оваа година.

Сакам да му честитам на целиот тим, во неделата беа потребни мажи. Аталанта беше добра, но со малку повеќе внимание можевме дома да ги донесеме 3-те бода со што која ќе ја затворевме овогодинешната сезона. Сега размислуваме да се подготвуваме за натпреварот против Фиорентина.

Ние треба полн Сан Сиро за да ја постигнеме целта. Донарунума? Му реков дека на негова возраст направив полоши грешки, но се обидов да дознаам каде ги направив тие грешки, за да се подобрим. Тој играше добар натпревар. Не е лесно кога го имате целиот овој притисок, но сигурен сум дека тој ќе стане одличен голман.

Буфон го заслужи успехот со Јувентус, и тоа не е тривијално, посебно со ваква сезона на Наполи. Џиџи е одличен пријател, ќе ми недостига како што ми недостигаше и оваа година, но за среќа често зборуваме.

Ова е многу важен момент, речиси фундаментален. Реагиравме добро после финалето во средата и изигравме како тим, докажавме дека сме храбри. Ако го задржиме овој интензитет, можеме да пораснеме како одличен тим. Сезоната е долга, ако си решен успехот ќе дојде. Не мислам дека доколку играме повеќе натпревари е проблем, и јас лично до сега играв многу утакмици по сезона.

Оваа сезона? ја затвораме во различна брзина во споредба со првите месеци. Штета е за поените што ги изгубивме во однос на послабите клубови, во спротивно ќе зборуваме за друга сезона. Но, гледајќи назад, сега размислуваме за Фиорентина. Би било важно да се стигне до шестото место со цел да се обезбеди добар почеток за следната сезона.