Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан одигра нерешено во неделата со Аталанта во Бергамо. Овој резултат и не би бил толку изненадувачи и фрустрирачки со оглед на тоа каква сезона играат црвнео-црните, но гол примен во 93-та минута секако дека е. И повторно грешка на Џиџо. Абате точно е дека закасни да покрие, но Донарума секако мораше да реагира подобро. Монтоливо исто така со непотребен и несвојствен црвен картон за искуството што го има за само половина час од кога го замени Биглиа во второто полувреме. Но, што е, тука е. Има уште едно коло до крај на сезоната, против Фиорентина на Сан Сиро, и единственото нешто што останува да се реши е дали Милан повторно ќе игра квалификации или ќе почне од групната фаза на Лига Европа. После натпреварот Гатузо зборуваше со новинарите на Премиум спорт.

Разочарувањето после поразот од Јувентус во финалето на купот се осеќаше. Не е лесно да се игра на овој терен, Аталанта е одличен тим. Жалиме што не успеавме порано да ја затвориме утакмицата. Денес покажавме добар карактер, не секогаш е лесно да ја повторите најдобрата игра што сте ја имале.

Ние не секогаш ја префрламе вината на Џиџо. За мене, денес голот не беше негова грешка. Џиџо мора да се чувствува комотно. Тој има само 19 години и често е осудуван за износот на пари кој го заработува. Сепак, не можете да купите искуство во супермаркет. Грешките се дел од фудбалот, а ние само треба да продолжиме понатаму.

Ние ќе направиме евалуација на крајот на сезоната за се што се случуваше. Во неделата, имаме важен натпревар и се надевам дека Калиниќ нема да биде иссвиркан, но напротив, наместо тоа, да добие поддршка во сите 90-95 минути.

За тоа како тој се движи и за техниката што ја има, Калиниќ е многу важен играч. Тој секогаш го постигнувал голови, но можеби ние не сме биле доволно добри за да го доведеме во позиција да биде опасен и да погоди.