Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан повторно одигра одличен натпревар и забележа победа во дербито на колото против Лацио. Ова е прва победа годинава против една од првопласираните екипи и воедно прва дерби победа воопшто во Серија А. Се чини Гатузо завршува одлична работа консолидираќи го тимот и уигрувајќи ги играчите потпишани за време на летниот преоден рок.

Видно расположени, Мистер Гатузо, Џек Бонавентура, најдобриот поединец на натпреварот, Давиде Калабриа и капитенот Бонучи, зборуваа со новинатире на Медиасет, Скај Италија и Милан ТВ.

Гатузо зборуваше за целокупната играта на тимот, а не заборави во сопствен стил и да му го честита четириесетиот роденденот на еден од најдобрите голмани на светот и колега од репрезентацијата, Џанлујџи Буфон:

Пресреќни сме, победивме многу силен тим. Им се заблагодарувам на момците за прикажаната игра денеска. Што се однесува до голот на Кутроне, морам да бидам искрен, на прв поглед ми се виде дека биеше со глава. Гледајќи ја снимката, сепак голот требаше да биде поништен. Сепак, одигравме одличен натпревар и еден инцидент не значи ништо. Имаше многу шанси и среќата не посака на повеќе наврати.

Ова беше тежок тест, бидејќи игравме со силен противник. Лацио многу не притисна во втората половина и тие се одлични насекаде по теренот. Сепак, успеавме да победиме и заслугата оди кај играчите. Тече 93-тата минута, а момците се уште даваат се од себе на теренот. Еиднственото нешто кое не ми се допадна беше падот на интензитетот во нашата игра после голот на Кутроне.

Не ми се допаѓа оваа реторика како секој натпревар е пресвртница за Милан. Треба да се концентрираме на секој натпревар поединечно, без разлика на ситуацијата. Клубот инвестираше многу пари во овој состав, имаше некои потешкотии, но сега сме во добра форма, и физички и психолошки.

На крај, Рино Гатузо му го честиташе роденденот на Буфон на мошне интересен начин. Тој ја искористи приликата и преку неговата девојка и репортер на Скај Спорт Италија, Иларија Дамико му порача:

Јас наполнив 40 години минатиот месец, знам како е. Тој е одличен дечко и му посакувам се најдобро. Дај му „француски бакнеж“ од мене.

 

Џек Бонавентура го постигна победоносниот погодок овој натпревар. Непосредно по натпреварот, зборуваше за Милан ТВ:

Се чувствувам одлично, сепак постигнав гол против „големиот“ Лацио. Под водство на Гатузо, сите сме задоволни и работиме подобро. Јас работам подобро, посебно на физичко ниво. Во добра кондиција сум и стекнав ритам, се чувствувам сигурен по средината на теренот. Денес покажавме одлична игра, покажавме дека сме физички и ментално спремни. Целиот тим беше одличен, но не треба да претеруваме. Тим Куп? Многу е важен. Видовме и колку се силни Лацио. Мора да го задржиме тимскиот дух и интензитетот на работа.

 

Повторно гледавме одлично издание на Давиде Калабриа. Тој сигурно беше еден од најдобрите играчи на теренот, асистирајќи одлично и милиметарски прецизно за вториот гол. Младиот играч со изјава после натреварот за Милан ТВ:

Работам на додавањата, дефинитивно ќе се обидам да направам уште една асистенција следната недела. Тренерот врши одлична работа, тој го вади најдоброто од мене. Досега, немавме победа против најдобрите тимови во Серија А, токму затоа оваа победа ни влева доверба и мораме да продолжиме со напорната работа. Повеќе сакам да играм по десната страна, но спремен сум и ќе играм каде и да ми каже Гатузо. Околу Тим Купот, мислам дека Лацио посебно ќе се потруди да не победи, бидејќи никој не е задоволен после пораз.

 

За крај и капитенот Леонардо Бонучи со свој коментар за Милан ТВ:

Не смееме да летаме во облаци, мораме да бидеме практични и да ги гледаме работитте какви што се. Да, победивме, но тоа е наша должност. Во првото полувреме игравме одлично, и во нападот и во одбраната. За разлика од првиот дел, во вториот им овозможивме на противниците да создадат повеќе шанси. Тренерот успеа да ја подобри кохезијата во тимот, сега ние се бориме еден за друг. Пресреќен сум, чест е да се биде дел од овој тим!

Дали сум повреден? Не, во ред сум и се е под контрола.

 

Следува период на згуснат распоред за Милан. Но, Милан покажа дека знае и умее да се носи со најсилните тимови во Серија А. Само да продолжат со добрата работа и резултатите секако ќе стигнат. Овој Милан може! Forza!