Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан повторно одигра одличен натпревар и го победи Лацио со 2-0 на Сан Сиро во натпреварот од Серија А. Само три дена подоцна следува уште еден натпревар помеѓу овие две екипи, но овојпат во Тим Купот. Во полуфиналето, повторно ќе ги одмериме силите во двомеч Лацио, прво во Милано, а потоа во февруари и на Олимпико во Рим. На вчерашната прес-конференција, во пресрет на првата пресметка, пред новинарите во Миланело зборуваа Џек Бонавентура и Хакан Чалханоглу.

Најпрво зборуваше Џакомо Бонавентура, за натпреварот со Лацио, важноста на Тим Куп, Гатузо, личниот перформанс и сите актуелни прашања околу Милан во овој период:

Ќе биде тежок натпревар, а немавме ни време да ги наполниме батериите. Лацио има одличен состав, впрочем како што и видовме пред некој ден, одлични се во одбраната, а уште подобри во нападот. Ова е важен тест за нас, да видиме до каде сме стигнати. Нам ни требаат нашите фанови, тие многу ни помогнаа во неделата.

Местото во финалето е во прашање, а ние сакаме да го освоиме Тим Купот. Целта е да ја повториме истата игра од претходниот меч. Освојувањето на Купот на Италија ќе биде одлично, бидејќи сезоната не ја започнавме најдобро и поминавме низ доста тежок период. Целосно сме фокусирани на утрешниот натпревар, ние сме на само еден чекор до финалето. Овој меч  може да биде пресвртница на нашата сезона.

Даваме се од себе во сите натпреварувања. Го играме Купот на Италија и Лига Европа, додека во Серија А, полека но сигурно се искачуваме нагоре на табелата. Можеме да стигнеме до 4-тото место, тешко е, но не е невозможно. Мораме да останеме присебни и да продолжиме со напорната работа, има многу тимови пред нас кои се доста силни.

Јас веќе постигнав четири гола оваа сезона и нормално, сум среќен за тоа, но прикажаната игра е најважна. Головите се само последица на психолошката и физичката состојба и за тоа како игра целиот тим.

Секој тренер си има свои методи, а Гатузо сака да работи со навистина висок интензитет во текот на неделата. Со сигурност можам да ви кажам дека тренинзите се потешки отколку порано. Мислам дека сега имаме добра физичка подготвеност. Гатузо сака и играчите од средниот ред да напаѓаат. Кога играте со само еден напаѓач, важно е сите играчи се приклучуваат на офанзивата, повеќе да шутираат и да се обидуваат да постигнат погодок.

Хакан Чалханоглу, кој ги освои срцата на навивачите со неговата игра во последните неколку утакмици, зборуваше за претстојниот натпревар, тренерот Гатузо и периодот на акомодација во Италија.

Многу е важно да играме добро како тим. Имаме важен натпревар пред нас, и иако ќе биде тешко, имаме голема шанса да победиме.

Рино успеа неговата желба и пасија да ни ја пренесе на нас играчите. Тој беше таков како играч, а ист е и како тренер. Во него најдов тренер кој верува во мене, постајано зборуваме и многу ме мотивира. Секогаш велеше дека мојот проблем не е физички, туку психолошки. На почетокот на сезоната не успеав целосно да ги прикажам моите квалитети, но со Гатузо се враќам на патот да бидам истиот играч кој што бев. Сите очекуваат многу од мене, но на почетокот не можев да го покажам целиот мој потенцијал и не бев во форма. Сепак 4 месеци бев надвор од терените во Германија поради забраната која ја претрпев. Сега се подобрив и сакам да станам уште подобар, заедно со моите соиграчи на теренот. Со Гатузо ја пронајдов својата позиција. Секој тренер има сопствен стил на игра и го почитувам тоа. Никогаш порано немав играно во формација 3-5-2, а со Винченцо Монтела како тренер ми беше прв пат и ми беше тешко да се навикнам на тој систем на игра.

Немав проблем да се прилагодам на Италија. Италијаните се многу слични со нас и моите соиграчи многу ми помогнаа. Во Германија се игра поофанзивен фудбал, додека тука тимовите имаат тенденција да се бранат кога имаат предност од еден или два гола. Мислам дека во Италија тактиката е поважна. Повеќе бев на клупата и кога ќе влезев во игра сакав да покажам што знам. Го носам бројот 10 и работам напорно да го заслужам.

Forza Milan, ieri, oggi e domani!