Џенаро Гатузо ја одржа својата стандардна прес-конференција пред натпреварот со Удинезе и патувањето за Удине. Во продолжение ќе ви пренесеме дел од неговите зборови:
Удинезе се навистина добар тим, кои знаат што точно прават. Масимо Одо има навистина силна екипа која игра убав фудбал и има освоено 20 поени во последните 9 натпревари, само Наполи и Јуве се подобри од нив. Ние мора да одиграме перфектен натпревар, доколку сакаме да победиме. Потребен ни е навистина квалитетен натпревар, каде немаме простор за грешка. Андре Силва од почеток? Можно е.
Играме добро бидејќи работиме добро и напорно. Момците го заслужуваат тоа. Ние сме цврста и обединета група. Разбирам дека сите сакаат да играат, но јас не сакам да видам негативен однос и моја работа е да го спречам тоа. Менаџментот ме праша дали имаме потреба од засилувања, но како што реков и претходно, јас сум среќен со тимот што го имаме. Мора да размислуваме натпревар по натпревар, фокусирајќи се на Самдорија како наш директен ривал, кои се 3 поени над нас.
Френк има способност да постигне 10 гола оваа сезона. Тој мора да го подобри напаѓачкиот дел и мора да биде ефикасен пред голот. Сусо игра добро и во двете фази – напад и одбрана. Секако, очекуваме уште голови од неговата омилена позиција, но и без тоа, тој помага многу на тимот. Калабрија има 20 години но личи како 40 со искуството кое го поседува. Неговата најдобра карактеристика? Тој е навистина скромен, секогаш ги слуша советите и сака да се подобрува.
Кутроне? Тој е спремен да направи се. Млад е и е потребен не само поради неговите голови, туку и поради она што го допринесува за тимот. Конти започна со лесни тренинзи, но се уште е рано. Очекувам да започне со комплетен тренинг за месец дена. Ние не смее да го форсираме и да избрзаме со неговото враќање. Тој не чувствува болки и тоа е добра работа.