Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан Фанс Македонија денес ви го пренесува вториот дел од интервјуто со Паоло Малдини, направено во чест на неговиот јубилеен 50-ти роденден. Првиот дел составен од 25 прашања може да го прочитате на следниот линк.

 

  1. Кој беше вашиот главен ривал?

Јас лично. Секој ден на тренинг, јас ја подигав границата и се предизвикував себеси.

 

  1. Ако можете да бирате, што би одбрале: Светско Првенство или Златна Топка?

Титула на Светско Првенство, бидејќи тоа зависи од вашите игри на теренот. Златната Топка зависи од лични убедувања.

 

  1. Вие се уште го држите рекордот за најмногу настапи во Сериа А.

Задоволен сум и среќен поради тоа. Исто така, јас го држам рекордот за најмногу минути на Светските Првенства. Еден мој пријател од САД, кој не следи многу фудбал, ја купил Гинисовата Книга на рекорди и неговиот син ме пронашол таму. Чувството е прекрасно. Кога сме кај рекордите, јас го имам постигнато најбрзиот гол во историјата на финалињата на Лигата на Шампионите.

 

  1. Дали има потреба да го одвоите Паоло од Малдини?

Јас сум срамежлив, па се заштитувам себе си на тој начин. Исто така, секогаш мислев дека кога ќе престанам да играм, ќе имам право да уживам во животот со моето семејство.

 

 

  1. Дали односот помеѓу спортот и децата е ист денес како што беше во ваше време?

Не. Тогаш, постоеше спортот и многу малце околу него. Немаше телефони и социјални мрежи. Денес, ризикот претставува можноста на децата да влезат во тој виртуелен свет и да не излезат од него.

 

  1. Дали фудбалот од игра прерасна во платена работа?

Во мојата глава, секогаш беше “работа”. Тогаш сакав да бидам толку многу компетитивен што кога се враќав дома, се симнував две станици порано и трчав покрај трамвајот. Еден шампион никогаш не сака да губи.

 

  1. Ова е првата генерација на деца што не го виделе Малдини на теренот. Како би се опишале себеси на 10 годишно дете?

Тие знаат се. Знаат се бидејќи се уште ме има на Плеј Стејшн. Кога ме сретнуваат на улица,често знаат да ме прашаат дали сум бил навистина толку брз на теренот… Како и да е, би се опишал себеси како добар одбранбен играч кој е заљубен во фудбалот. Секогаш сакав да шутирам, допирајќи ја таа округла работа што ја засакав уште како дете.

 

  1. Што најмногу ви надостасува од фудбалот?

Пристигањето на стадион, тензијата пред натпреварот, кога си на центарот на теренот… Прекрасни моменти.

 

  1. Што никогаш не поднесувавте во фудбалот?

Никогаш не го сакав чувството на обврска да правам нешто што неопходно ги задоволува навивачите. И зошто да мора да се осеќам како “ѓубре” после пораз?

 

 

  1. Дали има доволна спортска култура во Италија?

Не, апсолутно. Ние не прифаќаме пораз. Секогаш ќе ми остане во сеќавање ентузиазмот на навивачите на Ливерпул на резултат 3-0 во Истанбул.

 

  1. Дали ја плативме цената со неквалификувањето на СП во Русија?

Токму така. “Богот на фудбалот” ни ја достави сметката за грешките правени во последните четири години и ни соопшти дека овојпат забавата ќе помине без нас. Федерацијата не го постави фудбалот во центарот на проектот ”Русија 2018”.

 

  1. Кој е најголемиот проблем на италијанскиот фудбал?

Менаџментот, дефинитивно. Ние се уште немаме претседател. Менаџментот при елиминацијата од Шведска во баражот беше трагикомичен.

 

  1. Вашите топ-11 противници?

Премногу тешко да се набројат 11 противници, но ќе ви кажам кој би се нашол на подиумот: Марадона, Роналдо, па потоа Зидан, Платини и Ромарио се изедначени и би го поделиле третото место.

 

  1. Дали тенисот претставува потреба за нов начин на докажување или едноставно е изговор за да не мирувате?

Помалку од двете. На физичко ниво, тенисот ги оптоварува моите колена до прифатливо ниво што можам да го издржам. Но и на ментално ниво, ме учи на многу нешта.

 

 

  1. Дали на секое крцнување на колената мислите дека спортот може да боли?

Мислам дека тоа е цената што ја плаќаат професионалните спортисти. Им завидувам на поранешните соиграчи кои уште можат да играат фудбал. Јас не можам, колената не ми дозволуваат да трчам 10 минути без прекин.

 

  1. Три шампиони од други спортови на кои им восхитувате?

Едвин Мозес, Бјорн Борг и Мајкл Џордан.

 

  1. Кои се вашите пријатели?

Помеѓу поранешните соиграчи: Ибрахим Ба, Шева, Тасоти, Барези, Масаро, Ферара, а секако има и други пријатели надвор од фудбалот со кои се дружам поинтензивно откако прекинав активно да играм.

 

  1. Дали кажавте “не” на многу понуди по завршувањето на кариерата?

Па не баш… Имам среќа што не морам да работам, па можам да избирам. Како и да е, на Барбара Берлускони и кажав “да”, за разлика од “не”-то што го кажав на актуелниот менаџмент. Кога се работи за репрезентацијата, имав прилика да бидам тим менаџер на СП во Бразил во 2014, но одржавме вистинска комуникација. Слично беше и со Челзи кога кажав “не”, затоа што тоа беше веднаш откако се пензионирав и мојата улога таму не беше докрај јасна.

 

  1. Дали би работеле во Федерацијата?

Тоа во моментов е под голем прашалник.

 

  1. Епитети за 10 луѓе со кои ја споделивте кариерата: Лидхолм, Берлускони, Галиани, Саки, Капело, Анчелоти, Вичини, Барези, Костакурта?

Лидхолм – успокојувач, Берлускони – визионер, Галиани – миланиста, Саки – опседнат и визионер, Капело – практичен, Анчелоти – смирен, Вичини – џентлмен, Барези – храбар, Костакурта – потценет. А татко ми – чесен.

 

  1. Вашата најголема грешка?

Сум направил толку многу. Но само со грешење, растите како човек, како играч. Но јас секогаш преземам одговорност за моите грешки.

 

  1. Што е талентот?

Подарок од Бог, од родителите. Но за спортист, тоа не е доволно. Напротив, ќе се каете многу повеќе доколку не успеете да го развиете својот талент соодветно. Јас не бев талент на школата на Милан. Имаше и се уште има толку многу други талентирани момци кои не успеваат.

 

  1. Зошто секогаш и од секого бевте почитуван?

Едноставно е: почитуваш и добиваш почит. Патот е долг и бара трпение, бидејќи кога играш фудбал мислиш дека луѓето не разбираат кој си вие вистински, приватно. Но не е така. Тие гледаат и разбираат и затоа секогаш мораш да си свој.

 

 

  1. Дали го сакате Милано?

Многу. Тоа е современ град, во тек со модерниот свет, жив е, експериментира, нуди можности, интернационален е. Од се по нешто кое го барам во мојот живот. Од 1989 навака патував многу низ светот и ги ширев моите хоризонти. Но, Милано е искрен и срамежлив и тука се поистоветувам со градот.

 

  1. Дали има нешто што никогаш не сте го кажале, а сакате?

Сакам само да кажам дека мојот живот е прекрасен. Јас сум среќен човек и сонувач. Сонувањето помага, а јас се уште имам нешта што сакам да ги достигнам и исполнам, но не можам да ги откријам. Единствено се каам што не го искористив моето име како фудбалер, за да формирам хуманитарна организација. Но не е доцна, се надевам.