Милан ја забележа својата трета победа по ред во сите натпреварувања, победувајќи го тимот на Киево со резултат од 3-1, благодарение на двата гола на Гонзало Игуаин и голот на Џек Бонавентура. Новото засилување од екипата на Јувентус, Гонзало Игуаин, се наоѓа во фантастична форма, постигнувајќи 6 гола во изминатите 5 натпревари за црвено-црниот дрес. Тој по натпреварот проговори за самиот натпревар, како и прилагодувањето во новиот тим.
Се чувствувам како дел од овој Милан, ние сме фантастична група. Работиме напорно и го даваме својот максимум. Секогаш може да има грешки, но важната работа е професионализмот што тука е присутен. Ова е вистинскиот начин како да се продолжи.

Гонзало Игуаин и Џек Бонавентура во прегратка за време на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018
Ние имавме почеток на сезоната кој не ја рефлектираше нашата игра и шансите кои ги креиравме, но резултатите пополека доаѓаат и ние мора да продолжиме со исто темпо. Уште од првиот ден тука, овој клуб веруваше во мене и јас се обидувам да се оддолжам за тоа на теренот. Исто така, за мене ова е нов предизвик и дополнителна мотивација.

Сусо и Гонзало Игуаин во прегратка по вториот гол на Игуаин на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018
Јас сум многу среќен што сум тука. Се надеваме дека ќе продолжиме вака. Односот со Сусо? Јас многу често го гледав кога играв за други тимови. Тој е фантастичен играч и кога ќе ја крене главата тој креира многу квалитетни додавања, втората аститенција денес му беше фантастична. Па така, му се заблагодарувам него и на сите мои соиграчи кои дадоа се од себе на теренот.

Гонзало Игуаин го прославува својот гол на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018
Дербито? Ние ќе се обидеме да победиме на сите натпревари, секогаш го даваме својот максимум. Сепак, победа во дербито ќе биде навистина убаво чувство.
Гонзало Игуаин не е дел од составот на Аргентина за претстојните репрезентативни активности, па така аргентинецот ќе остане во Миланело за да се подготвува за големото градско дерби против Интер.