Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Милан успеа да го победи Киево со резултат 3-1 и ја забележа својата втора победа во низа во рамките на италијанската Сериа А, благодарение на двата гола на Гонзало Игуаин и голот на Џек Бонавентура. За Џек Бонавентура, ова беше 150 натпревар во дресот на Милан, а тој се заблагодари на досегашната доверба постигнувајќи одличен гол и стави печат на победата над Киево. По натпреварот беше интервјуиран од страна на МиланТВ, каде меѓу другото говореше и за моменталната форма, тренерот Гатузо и пропуштените прилики оваа сезона.

 

Ние се подобруваме и треба да продолжиме со добрата работа. Јас сум среќен со мојот гол но тоа за мене не е приоритет, јас можам да постигнувам многу повеќе голови, но мојот тренер сака да играм во двете фази, офанзивно и дефанзивно.

Хакан Чалханоглу и Џек Бонавентура во акција на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018

Гатузо е тренер со кого имам постигнато најмногу голови. Тој многу ми помогна мене и на овој тим. Не искористив сигурна шанса во првото полувреме бидејќи ја видов топката премногу доцна, нешто слично се случи и на мечот со Каљари, но недозволиво е да се промашат такви шанси.

Гонзало Игуаин и Џек Бонавентура во прегратка за време на натпреварот Милан-Киево, 7 октомври 2018

Победата пред Дербито е навистина важна и претставува јакнење на моралот. Ова лето донесовме навистина квалитетни играчи и со тоа го подигнавме квалитетот на овој тим. Освен голот на Пелисие, ние не му дозволивме на Киево да игра. Играме добро но се уште има простор за напредок. Сега е време да се одмориме а оваа пауза може да ни донесе позитивни работи.

 

По натпреварот со Олимпијакос во четвртокот, ова беше втор меч во низа за Кристијан Запата, кој го замени Ромањоли на денешниот натпревар. По мечот, комлумбијскиот репрезентативец проговори за својата физичка состојба, натпреварот и дербито со Интер.

 

Јас сум буквално преморен но сум среќен што можам да му помогнам на овој тим. Јас секогаш работам за да им помогнам на моите соиграчи, секогаш сум на располагање на тренерот. Искуството е секогаш потребно и јас сакам да одиграм одлично оваа сезона.

Кристијан Запата при постигнувањето на голот против Интер во 97 минута, 15 април 2017

Дербито со Интер? Не можам да го заборавам тој гол. Имаме неколку дена повеќе да се одмориме и да се подготвиме за овој натпревар, но јас сум секогаш возбуден.