Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

По трансферот на Пепе Реина и Иван Стриниќ, Милан успеа да го комплетира и третото засилување – Ален Халиновиќ, кој дојде во италијанскиот клуб како слободен играч. Ален, кој ќе го носи бројот 77 наредната сезона, беше презентиран на прес-конференција во тренинг центарот Миланело, каде проговори за неговиот трансфер и одговараше на одредени новинарски прашање.

 

Први реакции? Пред се, сакам да ги поздравам сите фанови на Милан. Јас сум навистина среќен што сум тука, ова е една огромна чест за мене бидејќи станува збор за еден од најголемите клубови во светот. Сакам да учам од овие момци и од овој голем клуб, сметам дека ова е навистина голем чекор за мене и знам дека ќе го дадам максимумот. Дали се сретнав со тренерот Гатузо и кои се моите први впечатоци? Да, зборував со тренерот, тој ми објасни се и ми кажа дека тој е тука за мене, ако имам било каков проблем, тој е секогаш отворен за разговор. Тоа е тоа. Ќе имаме уште време и простор за разговор, но првите впечатоци се навистина добри.

 

Зошто го одбрав бројот 77? Бројот 7 е мојот омилен број, но видов дека мојот сонародник Никола Калиниќ го носи тој број, па поради тоа се одлучив за бројот 77. Што ми кажа Боатенг за Милан? Пред се, сакам да им се заблагодарам на Боатенг и Аквилани, тие имаа навистина позитивни зборови за Милан и поминале добар период во Милан. Играв со нив во Лас Палмас, двајца навистина добри момци, кои рекоа дека Милан е голем клуб, со голема историја и играчи кои играле тука. Ми кажаа дека мора да тренирам напорно и да ги слушам советите на соиграчите, како и на тренерот. Тие го познаваат Гатузо многу добро, имаат само позитивни зборови за него, а на мене останува да тренирам напорно и да го дадам својот максимум, па потоа ќе видиме како ќе се одвиваат работите.

 

На прес-конференцијата Гатузо изјавил дека ме гледа како играч од средниот ред? Да, имам играно таму, особено во репрезентативниот дрес, за селекцијата до 21 година, како и неколку мечеви за Лас Палмас. Мислам дека позициите #8 и #10 најмногу ми одговараат и мислам дека таму можам да го покажам она што го знам и умеам. Но без разлика на позицијата, јас ќе го дадам својот максимум. Каде би сакал да започнам повторно, со оглед на фактот дека бев голем талент пред 3-4 години? Пред три години, јас бев навистина млад, имав 19 години, бев во Барселона и во тој момент, најдоброто за мене беше да одам таму каде што ќе можам да играм повеќе натпревари. Во Спортинг Хихон одиграв скоро 40 натпревари во шпанската лига, која е една од најдобрите лиги во светот. Моето мислење е дека еден млад играч мора да игра голем број на натпревари, за да може да се подобри себеси како играч и како личност. Сега, на 22 години, баш поради тие причини го одбрав Милан, бидејќи сметам дека ова за мене е навистина голем чекор и дека е вистинскиот момент за ваков потег.

 

Дали трансферот во Милан е важен за враќање во репрезентацијата? Секако, но јас не размислувам на тоа сега, мојот фокус е само Милан. Го одбрав Милан бидејќи сакам да играм за Милан, но секако, ако играм добро тука, имам поголеми шанси за настап во репрезентацијата. Дали има некој од новите соиграчи кој ме импресионираше повеќе од другите? Па не, јас зборував со Стефан Симиќ (кој минатата сезона ја помина на позајмица во Кротоне) кој го зборува мојот јазик и е навистина добар човек, ми помогна многу па во оваа прилика би сакал да му се заблагодарам. Исто така и останатите играчи, сите играчи, ми помогнаа многу по моето доаѓање, особено капитенот, кој е супер дечко и навистина голем играч. Повеќето од моите нови соиграчи знаат англиски, но јас би сакал што побрзо да го научам италијанскиот јазик, за да можам да се зближам со останатите играчи.

 

Дали би сакал да има слична кариера како легендата на Милан, Ѕвонимир Бобан? Да, тој беше навистина легендарен играч и многу важна личност во историјата на Хрватска. Не сум имал прилика да зборам со него, но дефинитивно ќе разговарам со него. Марио Пашалич беше тука пред неколку години, тој ми е добар пријател и со него сум во постојан контакт. Исто така, од Балканот, Дејан Савичевиќ беше навистина добар играч. Уште еднаш, навистина сум среќен што сум тука. Кристијано Роналдо? Тој е врвен играч, еден од најдобрите во историјата на фудбалот. Играв неколку пати против него со Хрватска, против Португалија и играв неколку пати против Реал Мадрид. Тој е навистина добар стрелец и еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, но мојот омилен играч е Лионел Меси. За мене, тој е најдобриот играч на сите времиња. Јас бев соиграч со Меси, тренирав со него и видов нешто поразлично во него, па затоа за мене тој е најдобриот играч и мој идол. Пречекот на фановите на првиот ден од новата сезона? Би сакал да им се заблагодарам, за мене е навистина чест да бидам дел од овој тим и нивниот настап беше нешто специјално за мене. Како што спомнав претходно, кога зборував со Боатенг и Аквилани, тие ми зборуваа многу за фановите на Милан, кои според нив се едни од најдобрите во светот. Сега на мене ми останува да работам напорно, да го дадам максимумот за овој тим и за овој клуб.