Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Хакан Чалханоглу се здоби со повреда и беше надвор од составот на Милан во оној срамен пораз против Беневенто на Сан Сиро. Неговото враќање во првиот состав на Милан се очекува уште в недела на гостовањето во Болоња против истоимениот тим.

Во меѓувреме тој зборуваше со новинарите за неговата адаптација на фудбалот што се игра во Серија А, почетоците во Милан, како успеа да ја пронајде формата под водство на Гатузо и сите актуелни прашања околу него и Милан:

Пристигнав во Милано со авион и бев доста возбуден. Размислував за новиот стил на фудбал што ќе го играм во Серија А, за мојот нов клуб и новите соиграчи. Да дојдеш да играш во голем клуб како Милан, со толку богата историја е голема промена. Како што дојдов во Миланело, размислував за сите големи шампионски имиња кои ги имал овој клуб, за Паоло Малдини, за Џенаро Гатузо, едноставно осеќав дека главата ми зуеше од сето тоа.

На почетокот не беше воопшто лесно да се прилагогодам и да можам да допринесам повеќе во играта на мојот клуб. Живеев во хотел во близина на Каса Милан, комуницирањето со тренерот и играчите ми беше тешко бидејќи јазикот не го знаев добро беше уште една бариера која требаше да ја премостам. Сега сум среќен, ги разбирам другите и можам да збоорувам со нив. Ја сакам италијанската култура, ме потсеќа на Турција.

Рикардо Родригез ми помогна многу бидејќи знаеше германски, но проблемот беше дека и тој не го владееше италијанскиот, па Фабио Борини највеќе ми помогна околу јазикот.

Откако имав забрана да играм фудбал 4 месеци, ми требаше време и требаше да играм одреден период за да се вратам во добра физичка кондиција. Исто така, Монтела не зборува англиски и комуникацијата беше навистина тешка. Очигледно е дека знам да играм фудбал, знам која позиција ми лежи на теренот и како да се поставам и однесувам за време на натпреварот. Но, требаше да почувствувам поддршка од тренерот, ми требаше тренер кој ќе ме поддржи, зборува и работи со мене.

Гатузо ми даде многу самодоверба, бидејќи тој токму тоа го правеше со мене, често зборувавме и ми посвети внимание на тренинзите. Секогаш ми говореше да го ослободам умот и да се фокусирам само на фудбалот. Тој веруваше во квалитетите што ги поседувам и ми рече дека резултатите ќе си дојдат.