Вчерашниот ден за Милан беше исклучително важен, не само од спортска гледна точка. Нашите играчи, по пристигнувањето во Рим, го посетија Palazzo del Quirinale, историски објект и една од трите резиденции на претседателот на Италија. Токму претседателот на Италија, Серџо Матарела, се сретна со играчите и менаџментот на Милан, во пресрет на финалето на Купот на Италија. Улогата на официјален гласноговорник на тимот ја имаше капитенот Лео Бонучи, кој одржа капитенски говор.
Господине Претседателе, од името на сите нас во Милан, би сакал да Ви се заблагодарам за вашата престижна покана. Би сакал да ви кажам на вас и на сите присутни тука, што ми се случи на мене изминатиов викенд: Имав привилегија да се запознаам со Ермано, 20 годишно исклучително мило момче со Даунов Синдром, кој, со неговата спонтаност ми покажа една сосема друга перспектива на фудбалската игра: во мое присуство, на крајот од мечот, Ермано не кажа ниту збор за натпреварот. Милан против Верона за него претставуваше исклучителна радост, чиста емоција, сила, љубов.
https://www.youtube.com/watch?v=mANtrIFBq-E
Празник на кој што тој уживаше со уникатен ентузијазам и насмевка што никого не може да остави рамнодушен, пред сè и моето семејство. Ермано ме научи дека високо компетитивниот предизвик може да се претвори во шоу, во согласност со вредностите кои всушност се олицетворение на нашиот спорт. Милан и Јувентус утре вечер мора да го прослават токму прекрасниот празник на италијанскиот фудбал, надвор од очигледната важност на натпреварот за двата тима.
Јас сум тука да му кажам на Ермано и на сите вас дека Милан ќе ја одигра својата улога. И можам да ви кажам од прва рака дека сум сигурен дека и Јувентус ќе го направи тоа!
Ајде да се забавуваме и да им дадеме на луѓето малку среќа! Премногу често ја забораваме вистинската вредност на овој спорт.
Ви благодарам!

Каков капитен само има Милан! Лео Бонучи го кажа токму она што фудбалот впрочем и претставува. Фудбалот е една чиста емоција, посебна романтична врска каде преовладува искрена љубов, фудбалот е разбирање, почитување. Фудбалот побудува уникатни чувства како ректо што друго.
Леонардо Бонучи, преку приказната за Ермано, ни го посочи она најважното: ФУДБАЛОТ Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД ОБИЧНА ИГРА!