Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

Нашиот миленик продоллжува со серијата одлични резултати во 2018 гадина. Овојпат не беше исклучок ни Лига Европа. На патот до Лион, во првиот двомеч од елиминационата фаза, Милан се сретна со бугарски Лудогорец. Првиот натпревар се играше во Разград Бугарија и Милан го доби со резултат од 3-0, со што се очекува лесен возвратен натпревар на Сан Сиро. Можеби не беше играта на очекуваното ниво и помалку среќата го пратеше Милан. Но, и среќата треба да се заслужи. После натпреварот, свои изјави пред новинарите дадоа тренерот Гатузо, Бонавентура, Чалханоглу и можеби најдобриот поединец на теренот, златното момче на Милан, Патрик Кутроне.

Рино Гатузо зборуваше за Лига Европа, натпреварот против Лудогорец, дел од играчите и неговата иднина во Милан:

Во европа, во секој нареден меч ќе се соочиме со посилен противник, посебно од технички аспект. Лудогорец ги проучувавме многу добро. Тие се особено силни во завршната фаза од натпреварот. Одигравме добро и ги искористивме нашите шанси. Генерално сум задоволен од натпреварот и од прикажаните перформанси на тимот, иако можевме да изиграме подобро во првото полувреме. Мислам дека влеговме премногу ентузијастички во мечот и некои наши одлуки беа избрзани. Резултатот од 3-0 не ја одразува тежината на овој натпревар, беше тежок меч.

Андре Силва влезе од клупата за резерви во игра и влезе добро во натпреварот, неговиот настап беше добар и јас го очекувам тоа од него и во следните натпревари. Секако ќе бидам уште посреќен доколку постигне погодок. Ромањоли е мислам еден од најдобрите дефанзивци во Италија. Тој, Калабриа и Кутроне можат многу да дадат за овој дрес. Целата заслуга за нашата одбрана е кај момците, од првиот ден. Тие работат многу напорно. Сосема случајно е што целата одбрана е италијанска, но мене ми требаат сите, Мусакио и Запата се подеднакво важни за овој Тим.

Не е воопшто важно дали Гатузо ќе остане или ќе замине, единствено важен е само Милан! Добив голема одговорност и можност, а без довербата од Фасоне и Мирабели, ќе беше незамисливо да седнам на оваа клупа. За мене тоа е голема чест и се надевам дека ќе трае подолго. ДА го тренирам овој тим на 40 години е сон за мене, имам уште многу да учам. Ајде да видиме како ќе заврши.

Алесио Ромањоли, во изјава за Скај, не штедеше позитивни зборови за тренерот Гатузо:

Оваа победа беше многу важна за нас, мораме да продолжим е да играме вака. Под диригентската палка на Гатузо играме одлично, тоа беше пресвртницата во нашата сезона. Мораме да даваме максимум на тренинзите, за да можеме да ги победуваме нашите противници. Јас сум многу добар во одбрана со четворица, така сум навикнат, бидејќи секогаш сум играл така. Бонулчи е феномен, него не му треба некоја специфична формација, тој секако игра одлично. Кога ќе се навратам на летото и проблемите кои ги имав со повредите, не можев да го дадам мојот максимум. Но, сега се чувстувам добро и сакам да продолжам вака, секако, секогаш има простор за подобрување.

Хакан Чалханоглу ја коментираше победата против Лудогорец:

Тимот игра одлично во одбраната, многу е важно да не примите гол. Кога шутнав, не видов дека Кутроне постигна гол со глава. Сè се случи премногу брзо и сум среќен дека постигна гол. Сега мораме да се фокусирме на Серија А и да продолжиме да се искачуваме нагоре на табелата. Натпреварот против Сампдорија е многу важен, а тренерот сака 100% од нас во секој натпревар, како на овој, така и на тој во недела.

По натпреварот, Џек Бонавентура исто така го анализираше мечот и ги сподели своите ставови со Милан ТВ и новинарите на Скај:

Бевме добри и клинички прецизни искористувајќи ги нашите шанси, иако Лудогорец не ни оленси во нашите намери. Игравме со висок интензитет, а и моравме така, тие се тим кој има брза транзиција во нападот. Секогаш кога ќе направевме притисок, лреиравме добри шанси. Ова беше тежок натпревар и покрај резултатот на крај. Возвратната утакмица ќе биде исто така тешка, но сега мораме да се фокусираме на лигата, натпреварот кој ни следи против Сампдорија е исклучително важен. Среќни сме затоа што играме добро и има голем ентузијазам кај нас.

Гатузо не направи одличен тим, се надеваме дека не е само привремено решение, тој создаде нешто прекрасно.

Играчот на натпреварот, кој постигна еден гол и врз кого беше направен пеналот кој доведе до водство од 2-0, Патрик Кутроне со свое видување на мечот:

Многу сум задоволен зошто победивме против тежок противник. Игравме добро, игравме тимски и иако на почетокот имавме некои потешкотии, сепак успеавме да поведеме пред крајот на првото полувреме. Уживам да играм покрај Чалханоглу и Сусо, се обидувам да се движам онаму каде што е топката и за среќа успеав повторно да погодам. Денешниот резултат е позитивен за нас, но мораме да останеме фокусирани зошто битката не е целосно добиена. Тие се многу опасен тим. Денес изгубив некои топки под притисок, но исто така и задржав некои. Работам на ова и сакам и морам да се подобрам. Среќен сум како играм, но за моите голови морам да им се заблагодарам на моите соиграчи, тие ми ги испраќаат овие топки и ми овозможуваат да погодам.

Сега размислуваме само за во недела, Сампдорија е пред нас и ги знаеме нивните квалитети.

Милан навистина игра одлично под водство на Гатузо, одбраната е феноменална, а полека се поклопуваат коцките и во средниот ред и нападот. Овој тим може далеку да стрела, и во домашното првенство, но и во Еврола!

FORZA MILAN!