Прв официјален фан клуб на Милан во Македонија!

by | Feb 18, 2018

Нова одлична прилика му се укажува на нашиот клуб по вчерашниот кикс на Интер и иако на Сан Сиро доаѓа секогаш незгодната Сампдорија сега навистина позитивен резултат односно победа е единствената опција за момците на Гатузо.

Одличната форма на тимот во последните 9 натпревари, каде имаме 6 победи и 3 нерешени, ќе ни даде огромна самодоверба во периодов кој следува бидејќи во наредните 3 кола играме против Сампдорија, Рома и Интер и искрено и најверојатно и нереално но потребни ни се 12 бода.

По победата над Лудогоретс во четвртокот каде без огромен напор обезбедивме мирен реванш на Сан Сиро и одмор за дел од првотимците Гатузо веднаш се фокусираше на следниот меч од Серија А и не дозволи момците да се опуштат и да мислат дека работата е веќе завршена.
За медиумите по мечот на прашањето дали и следната сезона ќе го гледаме како тренер на Милан тој одговори дека не е битен Гатузо и дека единствено битен е успехот на Милан. Доста позитивно е што Џенаро е свесен за своите недостатоци, не лета во облаци и од голема помош за него е што е доста самокритичен па затоа и успева во континуитет да го крева нивото на игра а со тоа и резултатите.

Оваа Сампдорија не е воопшто противник за потценување и сезонава се доста незгодни за било кој тим па најголемата грешка што може тимот на Гатузо да ја направи би била да ги потцениме, тогаш позитивниот резултат ќе биде далеку од реалност и овој моментум што го имаме би исчезнал баш кога највеќе треба да сме присебни и со малку среќа да направиме пресврт на оваа веќе пропадната сезона во Италија.

За овој меч со Сампа не очекуваат неколку промени во тимот, прво би сакал да напоменам дека поради суспензија мечот го пропушта Франк Кеси, а на десната бековска позиција се враќа младиот Калабрија, на кој се надеваме дека нема да му се повтори аматерската грешка од мечот во Удине која на крај не чинеше губење на 3-те бода.

Огромна дилема за Гатузо за овој меч е замената за Кеси и тој ќе мора да бира меѓу искусниот Монтоливо и доста неискусниот и оваа сезона очаен Мануел Локатели. Обично во секое време би му дал предност на Локатели но искрено сезонава за него не почна баш најдобро, долго време беше игнориран од Монтела, а кога беше во игра играше на позиција на која претходно нема прикажувано добри игри па и оваа негова лоша игра сега е резултат на тоа и не би сакал да ризикуваме и да го “изгориме” на ваков битен меч со Сампдорија.

Верувам дека Гатузо го знае ова и денес најверојатно ќе стартува со Монтоливо кој рака на срце кога ја имаа оваа слободна улога во средниот ред, без премногу да треба да внимава на одбраната секогаш покажувал солидни игри.

Во нападот повторно поради повреда не е повикан Никола Калиниќ и освен тоа не се очекуваат никакви промени од мечот со Лудогоретс, јасно е дека добитната комбинација е пронајдена и нормално дека Гатузо нема потреба од нерезонски ротации па ме радува тоа што младиот Кутроне полека добива доверба која секој меч ја оправдува.
Не смееме да заборавиме дека досега во сите натпреварувања има постигнато 13 голови, неспоредливо многу повеќе од Никола Калиниќ кој беше доведен да биде главниот напаѓач на овој нов Милан.

За крај покрај тоа што се надевам на добра игра, позитивен резултат освен тоа што би им посакал среќа на нашите момци за вечер сакам да нагласам дека хаштагот  оваа недела повторно беше активен и нашиот претседател присуствуваше на мечот со Лудогоретс заедно со официјалниот фан клуб на Милан од Бугарија.

Би сакал уште еднаш да им се заблагодарам на дечките од фан клубот од Бугарија за одличното гостопримство и во иднина се надевам на уште поголема соработка бидејќи без разлика од каде сме нас не обединува еден клуб – Милан.

Milan Fans Macedonia sempre presente!