На отварањето на новата сезона во рамките на Лига Европа, екипата на Милан успеа да забележи победа против екипата на Дуделанж, благодарение на голот на Гонзало Игуаин. Рино Гатузо направи многу измени во тимот во однос на оној тим кој се соочи со Каљари изминатиов викенд, каде смени дури 9 играчи. По натпреварот, тој го даде своето мислење за натпреварот на стандардната прес-конференција, како и пред новинарот на Скај.
Очекував да се вратиме дома со трите поени. Не е случајност тоа што Дуделанж е во групната фаза, победувајќи го романски Клуж за да дојдат до тука. Среќен сум за освоените три поени, за очекување се грешките кога ќе направите толку многу измени но јас сум задоволен од односот на тимот.
Кастиљехо? Среќен сум од играта на сите играчи. На Саму не му е потребно многу за да влезе во форма, а тоа се должи на неговите карактеристики. Среќен сум бидејќи добро го контролиравме натпреварот. Мило ми е што се вратвме дома со трите бода бидејќи во денешниот фудбал не постојат лесни натпревари.
Игуаин? Сите сме среќни кога ќе победиме, не само Пипита. Тој имаше уште неколку шанси и лесно можеше да постигне 2-3 гола, но најважното е да се победи. Поставеноста на теренот? Кога тренираш една-две недели, мислиш дека си запомнил се но не е баш така.
Не беше случајност нерешениот резултат против Каљари, бидејќи бевме лоши во нашите движења и поставеноста на теренот. Знам дека некои не ги сакаат тие тренинзи бидејќи сметаат дека се многу основни, но за мене многу важно е поставеноста на теренот, првиот допир и односот на тимот.
Многуте измени во тимот? Го направив тоа бидејќи верувам во моите играчи, видов како тренираат и сум сигурен во нивните технички и тактички вештини. Ја донесов оваа одлука не поради тоа што мислам дека Дуделанж е слаба екипа, туку поради тоа што се чувствувам сигурно со овие играчи во првиот тим. Моите ножички на тренинг? Испив две апчиња против болка и грбот се уште ме боли.